Поврзи се со нас

Занимливости

За вкусовите не се дискутира… Но, ѕирнете во Музејот на одвратна храна во Шведска

Објавено

на

Она што најчесто го подразбираме под одвратна храна, не произлегува само од вкусот има доста работи кои никогаш не сме ги пробале, но од нив ни се превртува желудникот..

Дали сте знаеле дека гадењето од храна е едно од заштитните сетила на нашиот организам кој ни помага да избегнеме болест или несигурна храна? Кај некои луѓе проработува веднаш штом помирисаат кисела зелка, а кај други дури кај ферментирана риба. Разликите во исхраната ширум светот еднакво се распространети како културолошките разлики, па некои јадења што на еден крај на светот се незамисливи, на другиот се сметаат за вистински специјалитет. Што се може да се види во Музејот на одвратна храна во Шведска?

Одвратна храна од 80 земји во светот

Во Музејот за одвратна храна во Малме, целта е да се запознаат посетителите со одвратната храна од 80 земји на светот каде овие јадења се сметаат за специјалитет. Најнеобичните експонати изложени се во такви услови да не се распаѓаат. Овој уникатен музеј со сигурност нуди една нова перспектива на храната и разбирање за различните вкусови, т.е се советуваат оние со послаби стомаци да не дегустираат се она што може да се дегустира.

Не е само вкусот во прашање

Она што најчесто го подразбираме под одвратна храна, не доаѓа само до вкусот бидејќи некои работи никогаш ги немаме пробано, а од нив едноставно ни се превртува желудникот. Кога е во прашање труло месо од морско куче, можеби мирисот ќе биде пресуден. Но, кога ќе ви сервираат овчо око во сок од домати, самиот поглед на тоа може да доведе до вртоглавица. Или, генерално, листата на состојки како оние во познатиот шкотски оброк haggis, овчо срце, бели дробови и црн дроб може да не одвратат од храната.

Што е на менито?

Во Музејот на одвратна храна во Шведска може да се види се и сешто. Од пржена тарантула, споменатите haggis  и овчо око, разни црева, до делумно развиен фетус на гуска, разни муви, лилјаци и повеќе врсти на смрдливи сирења до иструлени и распаднати зеленчуци.

Предизвикот на идејата „одвратно“ и инсектите како иднина

Истражувачите кои работат на излжбата, со оваа понуда сакаат да создадат предизвик кон одвратноста. Надевајќи се дека ќе ги тргнат бариерите кон одвратното и ќе помогнат да ги наведат луѓето да се свртат кон изворите на храна кои се лесно одржливи. Како на пример кон инсектите, кои се богати со протеини и не се многу захтевни за одржување и размножување. Скакулци или ларви во некои делови на светот се вистински специјалитети, а истражувачите ги гледаат како потенцијален извор на храна во иднина.

Овој музеј се наоѓа во Малме, поточно наспроти мостот кој ги врзува Данска и Шведска, може да го посетите ако се најдете и во Копенхаген.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Македонијапред 6 часа

Во дискотеката во Кочани незаконски се користела пиротехника, немало доволно ПП апарати

Македонијапред 11 часа

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, фирмата немала легална лиценца

Македонијапред 14 часа

Седумдневна жалост во Македонија за трагедијата во Кочани

Македонијапред 15 часа

Централна потерница за 4 лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, увидот сѐ уште трае

Македонијапред 16 часа

Над 150 млади лица повредени во пожарот во Кочани хоспитализирани во болниците низ земјава

Македонијапред 18 часа

Голема трагедија-51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани, стотина се повредени

Здравје и убавинапред 1 ден

Вежба „4-7-8“ против несоница

Светпред 1 ден

Илјадници демонстранти на улиците во Белград: Студентски протести против корупцијата и неефикасноста на владата

Вестипред 1 ден

Извлечени се лицата чиј чамец се преврте во Мавровско Езеро

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 3 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена