Поврзи се со нас

Гостивар

За време на Галичка свадба посебни правила за отпад и сообраќај во Галичник

Објавено

на

Викендов, за време на најголемата културно-туристичка манифестација Галичка свадба, ќе важат посебни правила кои се однесуваат на одлагањето отпад и сообраќајот. Месната заедница Галичник нагласува дека ваквиот „Куќен ред“ се воведува заради непречено и безбедно одржување на настанот, кој се очекува да го проследат огромен број на посетители и гости од земјава и од странство.

„ Сите контејнери и кафези за одлагање отпад ќе се дислоцираат позади хотел Неда. Камион на Јавното комунално препријатие ќе биде паркиран на патот кон Света Петка и ако некому му е неопходно за време на викендот да одложи отпад, ќе треба да го стори тоа директно во камион. Низ Галичник ќе има распоредено дваесет мали канти кои ќе се користат само за одлагање лименки и пластика.“, наведуваат организаторите.
Во однос на сообраќајот, цел викенд е забрането паркирање на паркингот на Пеш, околу Црквата Свети Петар и Павле, на Упија, на коловоз од Црквата Свети Петар и Павле до куќата на Равановци од каде ќе се земе невестата. Сообраќајот со моторни возила низ Галичник денес (сабота, 13 јули) ќе биде забранет од 17.30 до 23 часот, додека утре (недела, 14 јули) од 7.30 до 14 часот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена