Поврзи се со нас

Здравје и убавина

За жените во менопауза: Повеќе калциум, а помалку железо

Објавено

на

Менопаузата, којашто обично се јавува на возраст од 45 до 56 години, носи бројни промени во телото поради намалувањето на естрогенот. Меѓу нив се и оние поврзани со исхраната. Гинекологот д-р Димпна Вejл од Олбени, Њујорк, САД, објаснува дека на жените во менопауза им треба повеќе калциум, а помалку железо отколку претходно.

  • По 51 година, препорачаниот дневен внос на калциум се зголемува од 1.000 на 1.200 милиграми. Идеално, ова доаѓа од исхраната, а додатоците може да се користат за да се пополнат сите недостатоци. Калциумот е клучен за зајакнување на коските бидејќи менопаузата го забрзува губењето на коскената маса, зголемувајќи ја опасноста од остеопороза, изјави Вејл за „Парејд“ (Parade).

Покрај калциумот, витаминот Д има клучна улога во вносот на овој минерал.

  • Како што старееме, способноста на кожата да создава витамин Д – опаѓа, што може да доведе до недостаток од тој витамин, вели лекарката.

Без доволно витамин Д, телото не може делотворно да го искористи калциумот што го внесува. Препорачаната дневна доза на витамин Д е 600 единици, а тестовите на крвта можат да откријат други можни недостатоци.

  • Вишокот железо, пак, од друга страна, може да се насобере во органите како што се црниот дроб и срцето и така да предизвика здравствени проблеми, предупредува д-р Вејл.

Препорачаната дневна доза на железо во овој период од животот е осум милиграми, што лесно се постигнува преку исхрана, на пр., со грав, спанаќ или говедско месо. Лекарката ја нагласува и важноста на внесот на протеини и влакна за време на менопаузата. Овие хранливи материи го одржуваат општото здравје, вклучувајќи и варење и зачувување на мускулната маса.

  • Доколку имате прашања за потребите за исхрана во менопаузата, консултирајте се со лекар или нутриционист. И тестовите на крвта можат да откријат можни недостатоци, а нутриционист може да Ви помогне да ја прилагодите Вашата исхрана на Вашите потреби и желби, додаде докторката.

На крајот, нејзиниот совет гласи: Правилната исхрана обезбедува здравје и виталност за менопаузата – и периодот што следи потоа.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Македонијапред 4 часа

Владиката Партениј за употребата на социјалните мрежи и вештачката интелигенција

Технологијапред 4 часа

Крипто пазарот во пад, Биткоинот изгуби 4,6 отсто од својата вредност

Македонијапред 6 часа

УЈП во декември изврши 696 контроли за готовински плаќања, кај 140 објекти утврдени неправилности

Гостиварпред 8 часа

Меџити и Лимани на средба за инфраструктурните проекти во Гостивар

Македонијапред 9 часа

Од ноќеска горивата со повисоки цени

Гостиварпред 9 часа

Лимани: Патните правци во Општина Гостивар се проодни, денес се чисти уште до неколку планински села

Светпред 10 часа

Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци

Гостиварпред 11 часа

Подготовки за прослава на Водици во Гостивар: Сите православни христијани да се приклучат на светата традиција

Светпред 12 часа

Зоран Милановиќ убедливо победи на претседателските избори во Хрватска

Светпред 4 недели

Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 2 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 2 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена