Поврзи се со нас

Гостивар

За зонски паркинг во Гостивар се воведуваат неделни, двонеделни и месечни билети

Објавено

на

Претпријатието за паркинг во Гостивар од денес започнува со издавање на неделни, двонеделни и месечни билети за зонско паркирање во градот.

Како што објаснуваат од претпријатието, идејата првенствено е да им се излезе во пресрет на печалбарите, полесно да се снајдат со регулирање на плаќање за паркинг места.

“Ја воведовме оваа услуга со цел додека  престојуваат во родниот крај, на иселениците да им го олесниме паркирањето на возилата, бидејќи во изминатите години имавме поплаки од нивна страна дека се соочуваат со тешкотии при испраќање на смс пораки, затоа што најчесто користат мобилни телефони со броеви од странство. Но, тоа не значи дека овие услуги нема да можат да ги користат и постојаните жители на општина Гостивар “, вели директорот на претпријатието, Беким Челебиу.

Во централното градско подрачје ќе се отворат наплатни пунктови од кадешто ќе можат да се купуваат билетите, кои ќе бидат означени со посебни натписи: Parking tickets. Цената на неделниот билет е 750 денари, двонеделниот чини 1.500, додека месечниот е 3.000 денари.

Друга новина во врска со зонскиот паркинг во Гостивар е што повеќе нема да се користат блокатори за непрописно паркираните возилата и ќе се плаќа единствено соодветната законска казна.

Општина Гостивар апелира до возачите да се придржуваат кон правилата за зонско паркирање, за да се избегнуваат несакани последици и да се држи ред во сообраќајот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Македонијапред 29 минути

Контрола на кабареа, ноќни и диско клубови-Донесени забрани за работа

Македонијапред 1 час

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 4 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 5 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 6 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 8 часа

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 9 часа

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 10 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 1 ден

Во центарот на Гостивар цвеќе и едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена