Гостивар
Забава, цртање, песни и дружење за најмалите во Гостивар на настан за Летник

Деца од гостиварските градинки поминаа дел од денешниот ден надвор од вообичаениот распоред што го имаат секојдневно во градинка, на забавна активност што се организираше кај детското катче во градскиот парк. Најмалите тука се забавуваа, ја покажаа својата креативност со изработување цртежи, играа, пееја и се дружеа со омилените маскоти од цртани филмови…
Настанот го организираше општинскиот Сектор за образование, а го поддржа јавната установа Детска радост.
„Денес е 14 март, кога е Летник и по тој повод се организиравме да ги донесеме децата од градинка во паркот за еден вид рекреација, играње, музика, едноставно да се релаксираат и да уживаат во убавото сончево време.“, рече раководителката на Секторот, Аслијан Снопче.
На децата им се придружија и млади уметници кои им ги цртаа лицата со интересни цртежи во знакот на пролетта, со пеперутки, цвеќиња и сл.
Инаку, според народните верувања на Латник почнува пролетта и овој празник се поврзува со враќањето на птиците преселници од топлите краишта
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава