Занимливости
Заборавеноста е одлика на високо интелигентните луѓе!

Истражувањето кое го направило Универзитот во Торонто оди во насока на тоа дека памтењето е преценето, а заборавеноста може да биде во корист на интелигенцијата. Дали сте еден од оние кои често забораваат? На пример, сте тргнале од дневната соба кон кујната по нож и веќе сте заборавиле по што сте тргнале. Ако сте се нашле во таква ситуација честопати, тоа може да значи дека спаѓате во групата на високо интелигентни луѓе! Стручњаците дошле до овој заклучок со спроведување цела низа истражувања. Тие откриле дека ,, лошата меморија,, е всушност механизам кој мозокот го користи за да создаде простор за порелевантни информации.
„Важно е мозокот да ги заборави ирелевантните детали и наместо тоа да се фокусира на важните информации. Значи, ако мозокот проценил дека лесно ќе ја завршите својата работа, ги брише од меморијата непотребните информации и отвора можност за прием на други. Ако мозокот процени дека за вршење на задачите ќе ви треба повеќе време и работа, ќе ги складира сите информации потребни за извршување на задачите.“ објаснува Блејк Ричланд, еден од авторите на истражувањето.
Значи, ако имате проблеми со помнењето, тоа не мора нужно да биде лош знак. Препораката е одвреме – навреме да се исчисти умот, a тоа можете да го постигнете со телесни вежби. Телесните вежби го зголемуваат бројот на неврони во хипокампусот, што помага да се елиминираат непотребните информации.
Заборавањето може да биде знак дека мозокот го прави токму она што би требало. Ако не можете да се сетите каде сте го оставиле мобилниот телефон, можеби тоа и не е толку важно. Сигурно ќе го пронајдете.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар