Македонија
Забрана за тешки возила кон Попова Шапка, реконструкција кај Неготино и затворени делници низ државата

На патниот правец Тетово – Попова Шапка и понатаму е на сила забраната за сообраќај на тешки товарни возила, а за останатите возила задолжителна е употребата на зимска опрема, односно синџири, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Патниот правец Крушево – с. Долно Дивјаци – с. Кочишта од 4 април 2025 е затворен за секаков вид на сообраќај, поради небезбедност. Алтернативна рута е регионалниот пат с. Пуста Река – Крушево.
Затворен за сообраќај останува и патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, уште од 15 ноември 2024 година, за сите видови возила. Исто така, мостот на реката Вардар кај Башино Село, на регионалниот пат Р1312, е затворен за секаков вид на сообраќај.
АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од одрони.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог