Гостивар
Забранет пристап и за отпадот од Гостивар – „Со жив штит ќе го браниме Русино“
Иницијативата „Стоп Русино“ од денес нема да дозволува ниту отпадот од Гостивар да се носи на депонијата. Откако го пропуштија кон градот последниот камион на гостиварски Комуналец што го испразни ѓубрето на Русино, активистите околу 10 часот ја спуштија рампата. На ваков чекор се решиле револтирани од вчерашната изјава на министерот за екологија Насер Нуредини и потегот на локалната власт за избор на членови на Управниот одбор на регионалното претпријатие Русино.
„Министерот изјави дека Русино мора да биде депонија. Ние знаеме дека затворањето не може да се случи денес или утре, но бараме што поитно да се бара нова локација и ова ѓубриште да се затвори. Исто така, револтирани сме што одат кон изгласување на членови на Управниот одбор за регионалното претпријатие, кое ако се формира официјално, нема да се исполнат нашите барања, тие ќе бидат неважечки.“, изјави Анастасија Дукоска од иницијативата „Стоп Русино“.
Активистите велат дека се истрајни во своите цели и подготвени да одат до крај. „Од името на граѓанската иницијатива порачувам дека Русино не го даваме и ако треба со жив штит ќе го браниме. На градоначалникот и на советниците им порачуваме дека ќе се појавиме на седницата на која на дневен ред е ставено гласање за управниот одбор“, изјави Десо Матески од иницијативата.
Блокадата на Русино трае веќе 50 дена. Активистите најавија голем протест за вторник попладне, кој ќе се организира во градот.
„Го повикуваме градоначалникот Таравари и сите советници во Советот на Гостивар да дојдат на протетсот, да го поддржат. Се работи за животот и иднината на Гостивар“, порачаа од иницијативата.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди