Поврзи се со нас

Македонија

Забранет за продажба замрзнат микс зеленчук, по објава за пронајден глушец

Објавено

на

Поради сомнеж за физичка контаминација (присуство на страно тело – глушец) во замрзнат зеленчуков микс “Сани фантази- Царски микс” по потекло од Република Србија, увезен од КАМ ДООЕЛ, Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за промет на овој производ и нареди негово повлекување од рафтовите на КАМ маркетите на цела територија на државава. АХВ информира дека е издадена наредба на операторот со храна да изврши сопствена проверки на секоја серија/лот од овој производ, во сите маркети каде е пласиран овој производ, на територијата на  цела држава.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николе Бабовски потенцира дека АХВ ќе изврши вонредни инспекциски надзори и ќе провери дали пласираните количини од овој производ се повлечени од малопродажната мрежа. Извршени ќе бидат и органолептички прегледи на одредени примероци, од секоја серија/лот на овој производ. Примероци за контрола на микробиолошките критериуми за безбедност на производот ќе бидат испратени за лабораториско испитување.

Агенцијата за храна и ветеринарство  ги известува потрошувачите доколку купиле ваков производ, пред консумација внимателно да го отворат и прегледаат и доколку утврдат присуство на страни тела, истиот производ да го вратат на местото на купување и за тоа да  ја известат АХВ.

Надлежите велат дека за случајот кој беше објавен викендов на социјалните мрежи, до Агенцијата не е поднесена претставка. АХВ апелира ваквите случаи наместо на социјалните мрежи, да се пријавуваат кај надлежните институции до Агенцијата за храна и ветеринарство, лично, писмено, електронски на info@fva.gov.mk и на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22.

Компанијата KAM соопшти дека отпочнала постапка за испитување на случајот и негово расветлување, а производот е во целост повлечен од сите нивни маркети до разрешница на предметот со соодветен акт од страна на надлежните инспекциски органи.

„Компанијата КАМ, по остварената комуникација со реномираниот производител на замрзнати производи беше известена дека согласно воспоставените европски контролни системи практично е невозможно да дојде до вакво контаминирање на производот, имајќи го во предвид строго контролираниот тек на процесот на производство и поради тоа останува отворен за официјална истрага базирана на документите од надлежните инспекциски органи во нашата држава.“, известија од компанијата и ги повикаа надлежните инспекциски служби да ја проверат информацијата и транспарентно во интерес на вистината, случајот да се истражи до крај.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена