Поврзи се со нас

Македонија

Зачадија оџаците, отежна воздухот

Објавено

на

Стартот на грејната сезона, донесе зголемување на загаденоста на воздухот во Македонија. Мерните станици покажуваат високи вредности на штетните ПМ 10 честички кои може да предизвикаат сериозни последици по човековото здравје.

Гостивар се уште нема со што прецизно да го мери загадувањето, со оглед на тоа што се уште не е инсталирана мерна станица. Но, граѓаните ги забележуваат показателите кои укажуваат на нечистиот воздух, непријатен тежок мирис, чад, особено во подоцните попладневни и во вечерните часови. Во близина има три мерни станици и тоа во Тетово, во Лазарополе и во Кичево. Деновиве тетовската и кичевската бележат високо ниво на загадување, опасно по здравјето на луѓето. Единствено во Лазарополе, состојбата е во граници на нормалата. За загадување придонесуваат  навиката насекаде да се оди со автомобил, големиот број домаќинства што се затоплуваат со дрва, појавата на палење на контејнерите низ Гостивар и друго.

Од загадениот воздух може да се појават низа здравствени проблеми: иритација на горните дишни патишта и на очите, свирење и стегање во градите, кашлица, отежнато дишење. Долготрајната изложеност на загаден воздух е закана за целиот човечки организам.  Последиците најмногу ги чувствуваат лицата со хронични белодробни и срцеви заболувања, постарите, малите деца како и бремените жени.

Лекарите потенцираат дека во градска средина не постои целосна заштита од загадениот воздух, но советуваат граѓаните да не се движат на отворено кога загаденоста е алармантна, ако е неопходно да излезат да носат маска со филтер, да избегнуваат физичка активност близу места со поголема фреквенција на возила и самите да придонесат во намалување на загаденоста со користење велосипед наместо автомобил.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена