Македонија
Зачестени поплаки од родители, ученици и наставници до Омбудсманот
Народниот правобранител отвори предмет по сопствена иницијатива со цел следење на остварувањето на правото на образование на децата, како и мерките и активностите кои ги преземаат надлежните органи за непречено остварување на ова право во услови на пандемија од Ковид 19.
– Со почетокот на учебната 2021/2022 година кај Народниот правобранител зачестија јавувањата и поплаките од ученици и родители кои се во врска со начинот на реализација на воспитно-образовниот процес во основните и средните училишта, укажувајќи на неможност да се почитуваат односно спроведуваат во целост Протоколите, но и на конкретни проблеми, наведуваат од канцеларијата на омбудсманот.
Поплаките во однос на реализацијата на наставата кои до Народниот правобранител ги упатиле самите ученици, нивните родители, како и наставници се следниве:
– во тек на денот учениците имаат и по 7 часа, со времетраење на часовите со физичко присуство од 40 минути во основното и 45 минути во средното образование. При тоа, поради придржување кон Протоколите учениците потребно е постојано да имаат заштитна маска на лицата, што пак, предизвикува голем замор, придружен со главоболка и намалена концентрација за следење, односно за реализирање на наставата, а кај дел од децата, како што наведуваат родители има осип во пределот на лицето кое е покриено со маска;
– главоболките и други непријатности од здравствен аспект кои учениците и наставниците ги чувствуваат се и поради честото или постојаното проветрување на училниците, односно поради целосно отворени прозорци и постојано држење на отворена врата од училниците за време на часовите, поради што учениците во текот на целиот ден се изложени на провев, проблем кој е и сега присутен, а со заладувањето и намалувањето на температурите во следниот период, истиот уште повеќе ќе се потенцира;
– неопремени тоалети, недостаток од дезинфекциони средства, течни сапуни и други хигиенски средства во голем број училишта, за кои дел од родителите информираат дека се на нивен трошок;
– создавање на гужва пред влезовите на училиштата поради запазување на Протоколот и обврската за мерење на телесна температура, што е особено присутно во училишта со голем број на ученици, а каде има мал број на влезови, или безконтактни тополомери и расположлив кадар кој би го вршел мерењето, што предизвикува учениците често до доцнат на првиот час;
– голем број на ученици по паралелка, често повеќе од 30 ученици, во училница/и, кои најчесто е/се со простор од околу 30 м2 со што е невозможно одржување на физичка дистанца.
Покрај наведеното, посочуваат во соопштението, учениците кои од медицински или немедицински причини се на онлајн настава се соочуваат со проблеми во следењето на наставата (многу мал број на реализирани часови, често наставниците воопшто не закажуваат часови на Teams, а оние мал број на часови кои досега се реализирани се со придружни технички проблеми како на пример проблеми со интернетот во самите училишта, слаб прием на звук и слика, па така учениците кои следат настава од дома најчесто само добиваат материјали, и тоа само од дел од наставниците, за самостојно совладување на содржините).
Дополнително преку медиумите, додаваат, Народниот правобранител се стекна со сознанија дека на дневна основа расте бројот на заразени ученици и наставници од Ковид-19 , како и бројот на оние кои поради контакт со позитивните случаи се во изолација, што во извесни случаи се и цели паралелки.
– Иако средствата за јавно информирање секојдневно известуваат за конкретни бројки на новооткриени позитивни случаи на ученици и наставници ширум државата, ресорното Министерството за медиумите не соопштува конкретни бројки, туку само споделува информација за извесен процент од 0,02 проценти од вкупниот број на ученици, при што се тврди дека интерна трансмисија на вирусот во рамки на училиштата не постои, се вели во соопштението.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 2 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба