Гостивар
Зачестени пожари на отворено! Горело во Врапчиште, Градец, Чегране…

Во текот на вчерашниот ден на територијата на општините Гостивар и Врапчиште регистрирани се седум пожари на отворен простор. Според информациите од Центарот за управување со кризи дадени утрово, сите тие биле изгаснати.
Пожари имало во Добридол на нива, како и во месноста викана Мазрача каде горела ниска вегетација, потоа Врапчиште (сува трева), Сенокос кон Неготино (сува трева во ниви), Неготино (ниска вегетација), Чегране (мешана шума и сува трева) и Градец, кај гробиштата (сува трева и грмушки).
Инаку во текот на вчерашниот ден во земјава имало вкупно 40 пожари од кои активни се шест пожари, а еден е под контрола.
Активен е пожарот меѓу селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково, кој се шири на три крака и тоа од селото Бонче кон селото Крушевица, превој Слива кон селото Чумово и кон селото Пештани. Гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.
Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во општина Чашка на планината Мукос кон селото Степанци, а во истата општина активен е пожарот кај селото Оморани и м.в. Кадиица – с.Ораов Дол каде гори мешана шума.
Активни пожари има и во општина Петровец меѓу селата Градманци, Брезница и Катланово, во општина Штип меѓу селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик, полигон Криволак, во општина Чучер-Сандево меѓу селото Танушевци и м.в.Рамно и во општина Долнени кај селото Десово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос