Поврзи се со нас

Гостивар

Зачестено насилство меѓу младите во Гостивар – Што ги прави децата агресивни?

Објавено

на

Насилството меѓу младите во Гостивар станува зачестена појава. Тепачки и физички напади меѓу средношколци, па и основци се случуваат во близина на училиштата. Наместо дружба и делење на знаења и искуства, децата разменуваат тупаници. Минатата недела во само еден ден, полицијата регистрираше два случаи на физички напади меѓу ученици. Во едниот биле користени и тврди предмети.

Што ги прави децата агресивни? Стручните лица причините ги гледаат првенствено во  родителите и влијанието на интернетот.

„Причината прво треба да се бара во семејните вредности и начинот на којшто се воспитуваат децата. Телефоните и интернетот внесуваат голема промена во процесот на воспитување. На родителите им е најлесно, да им купат телефон на децата и да ги остават да го користат цело време. Така, децата изгледаа навидум мирни. Но, тие не се исполнети со некоја активност, па да ја извадат таа енергија што ја имаат низ нормална детска, младешка игра. Родителите пак, немаат никаков авторитет, владее тренд дека родителот треба да биде попустлив, треба да удоволува се` и децата многу се препуштаат на технологијата. Последиците се навистина огромни. На интернет нема контрола што гледаат децата. На пример, има многу насилни игри со убиства, со разни зомбија, и децата во тој виртуелен свет се како „херои“ кои убиваат. Така лесно се губи границата меѓу реалниот и виртуелниот свет и децата го прифаќаат насилното однесување како нешто нормално“, вели Билен Карахасан, психолог во Центарот за социјална работа во Гостивар.

Ваквите проблеми невозможно е да се решаваат строго институционално, во училиштата или со полицијата, нагласува психологот Карахасан, додавајќи дека родителите мора да обрнуваат поголемо внимание на своите деца и да им ги всадуваат вистинските морални вредности.

„Родителите да не мислат дека ако на детето му купат се` што ќе посака, скапи патики, телефони и слично, дека со тоа воспоставиле добра комуникација и релација. Не, потребен е разговор, внимание и време поминато во добра семејна атмосфера. Потребно е враќање на традиционалните семејни вредности, кога постарите се почитуваа и нивните совети беа слушани“, вели психологот.

Како превентивна мерка против меѓуврсничкото насилство и другите проблеми што ги мачат учениците, во средните училишта во Гостивар започнаа да се одржуваат посебни состаноци. Средбите се организираат еднаш неделно, а во дискусиите учествуваат  претставници од полицијата, социјалните служби, локалната самоуправа, родители и самите средношколци.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена