Гостивар
Зад волан без дозвола и положен испит, во Гостивар за два месеци 100 казнети

Полициските службеници на СВР Тетово во текот на минатата (2022) година изрекле вкупно 2364 мерки за управување на возила без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа. Евиденцијата на полицијата покажува дека 1.728 од нив биле на тетовско, а 636 на гостиварско подрачје. Во првите два месеци од годинава, заклучно со 28 февруари, бројот на ваквите мерки изнесува 360 (ТЕ-260 и ГВ-100).
„Најголемиот број од прекршителите на кои им биле изречени законски предвидените мерки управувале патнички моторни возила, а некои и комбиња. На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност, а иста глоба ги очекува и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека немаат дозвола.“, информира портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира, посебно до младите, да не управуваат возила без претходно да ја завршат теоретската и практичната обука и да го положат возачкиот испит, зашто во спротивно ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Да бидат максимално внимателни им се советува и на возачите-почетници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава