Македонија
Задолжителната вакцинација на здравствените работници е важна затоа што тие треба да бидат пример, изјави Филипче

Задолжителната вакцинација на здравствените работници е важна поради тоа што здравствените работници се тие кои што треба да бидат пример за тоа. Доколку пациентите доаѓаат таму да се лекуваат, мора да знаат дека луѓето кои ги лекуваат се целосно вакцинирани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
За предлог-мерките, како што рече, ќе се разговара на Главниот кризен штаб во понеделник, а потоа и на седница на Влада.
– Тоа е нешто што ќе го разговараме неделава што е пред нас. Ние оваа мерка ќе ја дискутираме на Главниот кризен штаб во понеделник, а потоа и на седница на Влада. Денеска искомуницирав и со претседателот на Синдикатот на здравство, кој апсолутно дава поддршка на оваа мерка, но, исто така го иницираше прашањето, исто како и другиот синдикат УПОС, што со оние кои нема да ја почитуваат оваа мерка, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со сопругата на полскиот претседател и сопругата на претседателот Пендаровски во Институтот за трансфузиона медицина.
Филипче изјави дека ги следат примерите од останатите држави и оти се повеќе земји од регионот и од Западна Европа применуваат мерки со кои сѐ повеќе рестрикции се однесуваат на невакцинираните.
– Сѐ уште нема земја, ниту има препорака од некоја меѓународна институција оваа вакцина да стане задолжителна и да влезе во календарот. Тоа е нешто што кога би се случило, а искрено верувам дека е еден од начините да се излезе од кризата следната година, ние би го направиле, но, засега нема такви препораки, така што правиме и следиме примери што ги имплементираат различни земји во светот, рече Филипче.
Во моментот, како што соопшти, државата располага со 470 илјади вакцини на Фајзер и 20 илјади Астра Зенека. Се очекува да пристигнат и 200 илјади вакцини на „Фајзер“ како донација од Италија, со рок до средината на следната година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава