Поврзи се со нас

Македонија

Задолжителни маски во здравствените установи поради Ковид, препорака од Комисијата за заразни болести

Објавено

на

Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство ќе му препорача задолжително да се користат маски во здравствените установи како превенција од ширење на Ковид-19, а сè уште се работи на утврдување дали е присутна  новата варијанта на вирусот ерин. Препораката, што е усвоена на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, е само за во здравствените установи, и не се однесува за во аптеките или домови за стари лица.

„Тоа е со цел да се минимизира можност за пренесување на заразата во здравствените институции, таму каде што имаме особено ранливи групи, коишто можат да бидат подложни на тешка компликација како резултат на зараза со вирусот кај коишто може да се јави летален исход. Од тие причини Комисијата за заразни болести реши повторно да препорача до Министерството за здравство и до министерот да се побара задолжително носење на маските во здравствените установи“, информираше доктор Злате Мехмедовиќ, претседател на Комисијата.

Комисијата за заразни болести сè уште нема дефинитивен резултат дали станува збор за варијантата наречен ерис. Од Институтот за јавно здравје добиле информација дека подолго време трае процедурата за собирање на материјалот бидејќи, има само мал број, 112 заболени со Ковид 19.

„Потребно е да се соберат релевантни количини на примероци, не само од регионот на Скопје туку и од останатите региони. Во наредниот се надеваме брзо, затоа што како што кажав мала е бројката на сите оние кои се позитивно тестирани. Очекуваме да добиеме детална информација за тоа колкав е бројот. Во Србија е потврден Ерис меѓутоа во Србија има значителен број на случаи коишто даваат поголема количина на инфективен материјал и може да се детектира во помали трагови, меѓутоа кај нас поради тоа што имаме мал број на случаи, еве споредено, во однос на август 2022 година кога имавме 12.300 случаи за август сега имаме само 112. Не може толку лесно да се собере инфективниот материјал којшто треба да се одработи“, потенцираше докторот.

Во моментот има седум болнички лекувани, претежно пациенти коишто се во поодмината возраст коишто имаат придружни болести.

Иако во јавноста се шпекулира дека Ковид-19 сега често предизвикува дијареја и повраќање, според Мехмедовиќ искуствата од другите земји, како пример во Америка, покажуваат дека поретко се јавуваат тие два симптоми и нема губење на сетилото за мирис и за вкус

„Најчесто симптомите се поврзани со течење на носот, болки во грлото, покачена телесна температура и омалаксаност, многу наликува на секоја друга настинка. Многу ретко се заразат долните дишни патишта, останува како горнореспираторна зараза, така да нема голема разлика од останатите варијанти“, истакна Мехмедовиќ.

Нема да има потреба за изолација на заразените било одлучено на состанокот.

„Не препорачуваме изолација, не препорачуваме да се издаваат решенија за забрана за движење. Напротив ова ќе го третираме буквално како секоја друга болест којашто е ендемска како што е грипот. Препораките се доколку немате изразена симптоматологија и не ви е потребно боледување, ќе носите маска и со маска ќе може да се движите слободно дури и да бидете на работа“, истакна Мехмедовиќ.

На состанокот е разгледана целокупната ситуација во државата и по однос на тоа каква е состојбата и со вакцинацијата, со бројот на вакцини кои се на располагање, со бројот и видови на лекови. Заклучокот е дека во моментов имаме доволно лекови и вакцини што може да се стават на располагање со цел третман на болеста.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 5 часа

Зошто симптомите на настинка се влошуваат навечер?

Спортпред 5 часа

Висар Муслиу продолжува во белгиски Сент Труден

Гостиварпред 9 часа

На повидок решение за каналот за наводнување во Гостивар поради кој протестираа земјоделци

Македонијапред 11 часа

Какви мерки ќе преземе Владата за високите цени на храната ќе се знае деновиве

Гостиварпред 11 часа

Ќе се избираат пет судии во Основен суд Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Оглас за избор на 47 јавни обвинители од кои 2 во ОЈО Гостивар

Светпред 13 часа

УСАИД: Сите вработени на административен одмор од сабота, освен персоналот на клучните функции

Деца Родителипред 16 часа

Како да воспитате деца кои ќе сакаат да се дружат и да бидат блиски со вас кога ќе пораснат?

Спортпред 1 ден

Младите мечувалци од клубот „Витез“ од Гостивар успешни на Државното првенство

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 2 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 1 недела

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 3 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена