Гостивар
Промена на одлуката! Влез во Србија, БиХ, Црна Гора само со PCR тест
Еден час пред да стапи на сила одлуката дека не е потребен негативен ПЦР тест за влез во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, Владата на службената веб страна, објави информација дека сепак тестот останува задолжителен.
“Согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.
Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.
Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест”, се вели во соопштението.
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Која храна е богата со колаген и треба да ја јадеме секојдневно?
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 3 месеци
Кино проекција на отворено во Гостивар – „Те дуа, жими мене“
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг