Вести
Задушница, споменот за починатите останува вечен

Православните христијани денес и утре одбележуваат Задушница, во спомен на најблиските починати од семејството. Обичаите налагаат да се посетат нивните вечни почивалишта, а според црквата на гробот се принесува пченица, лепче и вино, се пали свеќа, а свештеникот опева споменувајќи ги имињата на блиските покојни. Кај граѓаните останал обичај уште од минатото да се носи и раздаваат храна „за душа и покој“. Кај народот постои верување дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи.
Во недела се празнува Духовден, празник кој го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Празникот уште се вика и Света Тројца затоа што на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-син, дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар