Поврзи се со нас

Македонија

Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Објавено

на

    На Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј, денеска во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, се одржува литургијата, со која чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј, а сослужуваат сите владици на МПЦ-ОА и владици на СПЦ. На крајот на Божествената литургијата двајцата поглавари ќе имаат обраќања.

    Заедничкото сослужување на двајцата поглавари, доаѓа по надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристичкото општење, откако Вселенската патријаршија донесе одлука МПЦ-ОА да ја признае за канонска црква.

    Претходно, на 19 мај, двајцата поглавари служеа заедничка архијерејска литургија на помирување во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, на покана на српскиот патријарх Порфириј. По ова, следеше покана од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, за заедничка литургија во храмот „Св. Климент Охридски“ во Скопје на Денот на сесловенските просветители светите рамноапостоли Кирил и Методиј.

    Заедничката литургија е во рамки на канонската посета на делегација на СПЦ, предводена од патријархот Порфириј, која вчера пристигна во Скопје. Делегацијата ја сочинуваат дваесет лица, меѓу кои и осуммина владици на СПЦ.

    На оваа посета на поглаварот на СПЦ Порфириј и претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19-ти месецов во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан. Со литургијата беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.

    Денешната заедничка литургија следи откако вчера во Белград заврши Соборот на Српската православна црква, кој на 16 мај го потврди статусот на најширока можна автономија за МПЦ-ОА, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година.

    Во вчерашното соопштение објавено на официјалниот сајт на СПЦ, покрај повеќе одлуки кои се донесени на овој Собор, се споменува и заедничката литургија во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, со кој се воспостави евхаристичко општење и канонското единство помеѓу СПЦ и МПЦ-ОА.

    – Во дијалогот за идниот и евентуално конечен канонски статус на МПЦ, Српската православна црква ќе се води само од канонски и црковно-пасторални принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнополитички“ или за еднострани иницијативи и не потпаѓајќи под на ничие влијание или притисок. Соборот на СПЦ нема намера после решавањето на статусот да ја условува новата сестринска Црква со оганичувачки клаузули во однос на опсегот на нејзината јуриздикција во матичната земја и дијаспората, со препорака на истата прашањето за нејзиното официјално име да се реши во директен братски дијалог со гркофонските и другите православни цркви, се наведува во соопштението од Соборот на СПЦ.

    Спорот меѓу двете сестрински цркви почна на 17 јули 1967 година, кога Третиот црковно-народен собор свикан од Светиот синод на МПЦ на свечена седница во охридската црква „Св. Климент“ ја прогласи Македонската православна црква за автокефална. По ова, Светиот архиерејскиот собор на СПЦ ја прогласи МПЦ за расколничка организација и го прекина богослужбеното и канонското единство.

    По 55-години раскол, на 9 мај Вселенската патријаршија, ја прекина изолацијата на МПЦ-ОА и ја призна за канонска црква, по што односите меѓу СПЦ и МПЦ-ОА почнаа да се затоплуваат. Со оваа одлука на Вселенската патријаршија му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви. Таа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на татковската љубов и грижа на Вселенската патријаршија“ и најава дека МПЦ повеќе не е во раскол со целиот православен свет и оти македонските свештеници можат да служат со свештениците од другите православни цркви.

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“. На средба со професори и студенти од Богословијата „Св. Петар Цетињски“, кои се во посета на Вселенската патријаршија, патријархот Вартоломеј рече дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка, кој се случи, како што наведе, само неколку дена по неговата историска одлука во однос на црквата во Северна Македонија.

    – Преку вас ја поздравувам светата црква на Србија и срдечно го прегрнувам нејзиниот поглавар, најљубениот и блажениот патријарх г. Порфириј. Нашите две цркви се поврзани со свети и неуништливи врски, на заедничка вера и заеднички борби, и врски на љубовта на мајката кон својата сакана ќерка, кои според апостол Павле, „никогаш не пропаѓаат“, истакна вселенскиот патријарх.

    Тој ја нагласи и радоста на, како што посочи, Мајката црква во Константинопол по „историската одлука“ на нејзиниот Синод за враќање на Охридската архиепископија во евхаристиска заедница, што го отвори патот за помирување со СПЦ и воспоставување на мирот и поредокот на Балканот.

    Инаку, поради денешната втора заедничка литургија на поглаварите на двете цркви, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот. За сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Партизански одреди” од крстосница со улицата „Аминта Трети” до крстосница со булевар „ВМРО”, како и улицата „Св. Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улица „Димитрие Чуповски”.

    Сподели ја веста:

    ИСТРАЖУВАЧКА АНКЕТА:

    Дали користите PayPal?

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement

    Отворени огласи за вработување:

    Advertisement
    Занимливостипред 6 часа

    Некои од најпознатите забранети места на Земјата

    Гостиварпред 7 часа

    Старата џамија во Равен ќе биде целосно обновена до крајот на 2023 година

    Гостиварпред 10 часа

    Гостиварец обвинет за телесна повреда, истепал жена со која бил во љубовна врска

    Гостиварпред 11 часа

    Во Гостивар 4 нови позитивни на корона, активни се 18 случаи

    Гостиварпред 13 часа

    ЈО: Обвинение за злоупотреба на службена положба во општина Маврово Ростуше

    Гостиварпред 13 часа

    Ласерска корекција на диоптрија сега за 400 еур од око

    Гостиварпред 13 часа

    Гостивар домаќин на Балканскиот куп во традиционално турско стрелаштво

    Гостиварпред 15 часа

    Србин и Мароканец приведени од гостиварската полиција

    Вестипред 17 часа

    Цената на струјата во ЕУ урива рекорди

    Македонијапред 18 часа

    Дополнителна субвенција од 5.760 денари за сите земјоделци со еден или повеќе хектари житни култури

    Здравје и убавинапред 19 часа

    Бананата помага за понизок крвен притисок

    Македонијапред 1 ден

    Протест против францускиот предлог пред Влада и Собрание

    Гостиварпред 1 ден

    На три локации во Вруток пронајдени 12 кубика огревно дрво од дива сеча

    Гостиварпред 1 недела

    Градскиот стадион во Гостивар добива нов современ лик

    Гостиварпред 2 недели

    Утре цел Гостивар и селата без струја неколку часа!

    Гостиварпред 2 недели

    Нов потфат на сопружниците Зендели од Гостивар, го искачија највисокиот врв во Иран

    Гостиварпред 2 недели

    Прекин на струјата утре во села и населби во Гостивар и Врапчиште

    Гостиварпред 2 недели

    Наградени математичари на прием кај градоначалникот Таравари

    Гостиварпред 2 недели

    Благодарница за скијачот Виктор Петков од Општина Гостивар

    Гостиварпред 1 недела

    Изложба во Гостивар: Девојките често добиваат сексуално вознемирувачки пораки по интернет

    Македонијапред 1 недела

    За влез во ЕУ од 2023 година, задолжително ETIAS барање и 7 евра влезница

    Македонијапред 2 недели

    Деца од социјални семејства на бесплатен седумдневен летен одмор

    Гостиварпред 2 недели

    Дечиња од Гостивар другаруваа, се едуцираа и порачаа: Разликите не‘ зближуваат!

    Спортпред 2 недели

    ФК Арсими од Чегране оствари историски пласман во 2МФЛ

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

    Македонијапред 2 недели

    Исплата на јунските пензии од вторник

    Гостиварпред 3 недели

    Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

    Гостиварпред 1 месец

    Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

    Спортпред 1 месец

    Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

    Спортпред 2 месеци

    МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

    Спортпред 2 месеци

    Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

    Вестипред 2 месеци

    Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

    Спортпред 2 месеци

    КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

    Гостиварпред 2 месеци

    Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

    Гостиварпред 2 месеци

    Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

    Културапред 3 месеци

    Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

    Спортпред 3 месеци

    2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

    Гостиарскипред 3 месеци

    Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

    Гостиварпред 3 месеци

    Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена