Поврзи се со нас

Гостивар

Заедничко дружење со децата со попречености во Гостивар по повод 3 декември

Објавено

на

Светскиот ден на лицата со посебни потреби, 3 декември во Гостивар беше одбележан со дружење и ручек за дечињата со попречености. Настанот, кој на едно место ги собра децата од Дневниот центар и од специјалните паралелки од училиштата, го организираше Општина Гостивар.

„Мислам дека овие деца заслужуваат многу повеќе, без граница, затоа што се деца кои даваат огромна љубов кон семејствата, кон општеството и кон сите нас. Се надевам дека идната година, наместо да го славиме денот во ресторан, тоа ќе го направиме во специјалниот центар којшто е во план да биде отворен. Знаете дека имаме покренато иницијатива, во дел од просториите на бившото приватно училиште „Јахја Кемал“ да отвориме Центар за целодневен престој и третман на деца со различни водови на попречености.“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Трети декември се одбележува со цел да се подигне свеста за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попречености. Денот е добра можност да се потенцира кои се потребите и на кој начин може да се подобрат условите за живот на овие граѓани.

„Нашиот центар е со мал капацитет и е сместен во стар објект, поради што имаме огромни проблеми. Очекуваме во соработка со градоначалникот да ги надминеме, да имаме нов современ центар во кој би се згрижиле сите деца за кои има потреба, а седат дома и немаат друго решение за грижа“, рече Арта Арифи, психолог во Дневниот центар во Гостивар.

Во знак на благодарност за организирањето на денешниот настан, дечињата на градоначалникот му подарија слика и новогодишни честитки, коишто самите ги изработиле.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена