Поврзи се со нас

Македонија

Заев не ги прифати понудените оставки од Филипче и Хасани

Објавено

на

Премиерот Зоран Заев не ги прифати понудените оставки од морални причини на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, во врска со пожарот што избувна на 8 септември годинава во Модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица.

– Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, кои од морални прични поднесоа оставки. За евентуалните грешки причинети од човечки фактор ќе се произнесат надлежните органи, изјави денеска премиерот Заев, додавајќи оти им ја дава довербата да продолжат да го водат здравствениот систем.

Заев нагласи дека останува на ставот оти нема да дозволи политизирање на трагедијата во тетовската болница.

– Ние политичарите и извршната власт, генерално не смееме и нема да го толкуваме извештајот на вештите лица кои постпауваа по наредба на Јавното обвинителствот на Република Северна Македонија, истакна Заев.

Убеден сум, потенцираше Заев, дека Филипче и Хасани направија и професионални и лични ангажмани за македонското здравство и спасија илјадници човечки животи и затоа им ја давам довербата да продолжат да го водат здравствениот систем.

– Секогаш јас и нашата Влада се водиме од одговорноста од секој можен аспект. Јас во некој аспект на ваши прашања новинарски дадов одговор дека никој не е врзан за одредена функција, за одредена позиција и слично. Но, кога ја имате добиено одговорноста навистина треба да мислите и за утре и за ден после утре, за состојбите во коишто се наоѓа државата, мислејќи пред се на пандемијата која што стои и секако се водам и од тој аспект имајќи предвид дека двете оставки се поднесени од морални причини, затоа што ако беа од други причини тие ќе беа соопштени со други причини, рече премиерот.

Тој додаде дека доколку има човечка одговорност од кој било, тоа е работа на кривичните органи. Ние сме, како што нагласи Заев, политичка Влада, која што презела одговорност да управува со извршната власт и тука е најголемото чувство на одговорност што ќе се случи денес, што е утре, што следува понатаму во целиот овој процес.

– Одговорите ќе ги дадат навистина сите соодветни институции. Ние сме денеска овде, присутен сум јас, а секако и Владата да даде одговор на политичкиот момент, на менаџерскиот момент на министерот и на заменик-министерот. Јас сум мандатор којшто сум ги предложил пред Собранието да бидат избрани како министер и за заменик-министер. Одговорите мора да бидат дадени до крај насекаде. Знаете апелирав до МВР, еве Јавното обвинителство излезе со соопштенија. Прво благодарен сум што сите институции, дури и тие што не се под извршната власт, што чувствуваат обврска да одговорат на граѓаните, најчесто адресирани преку вас новинарите за одредени прашања коишто се навистина врв на приориетет на интерес на граѓаните и се дадоа одговорите. Како што соопштуваат тие во нивното соопштение, тие ја продолжуваат истрагата. Истражуваат многу други елементи и очекувам и јас и сите ние граѓаните секако и Владата и јас како претседател на Владата деталите од сите други истраги коишто ќе ги водта, наведе претседателот на Владата.

Тој додаде дека и тој би сакал да знае што адресираат германските експерти во врска со пожарот.

–  Но, кога кажуваат во извештајот дека недвосмислено се гледа од што настанал пожарот, тоа е јасно од кои причини настанал пожарот, а на сите ни е јасно што значи просторија полна со кислород и мислам дека тоа и на јавност,а и на вас новинарите и на нас политичарите ни е јасно. Навистина кислородот е сериозната причина за брзината на распламтувањето на пожарот во којшто изгубивме 14 луѓе наши сограѓани, истакна Заев.

Околу поднесените оставки од страна на Филипче и Хасани, од морални причини, премиерот наведе дека моралниот аспект е чинот на покажување на човечноста, на болката дека сме од крв и од месо сите и тоа е аспектот на којшто се поднесува.

– Но, истовремено кога водите вака одговорни функции – министер, заменик министер, претседател на Влада или слично и секојдневно сте втурнати во процеси коишто значат живот за многу граѓани, каде што е важна улогата на секој болничар на секоја медицинска сестра, на секој лекар, на директорите на инфективните одделенија, на министерот за здравство,на заменик министерот коишто буквално денот го почнуваат и завршуваат со нешто што е навистина преокупација на целиот свет и кај нас, а тоа е пандемијата и борбата како да се спаси секој човечки живот и не може да не ви е важно дали преку тоа што донесете одлука и ќе ја прифатите оставката од морален аспект и ќе го ризикувате целиот овој систем којшто кај нас покажа дека функционира транспаретност, отчетност, секојпат навремено информирање, давање одговор за сите прашања коишто се драгоцени за сите граѓани коишто се информираат токму преку вас медиумите и заради тоа моралниот дел според мене е политички и менаџерски на одредена личност и човечен дел, посочи Заев.

Премиерот додаде дека секако ако некој чувствувал лична одговорност од човечки фактор, дека токму од него се причините, тогаш се поднесува оставка и не се разговара за тие оставки.

Заев наведе дека модуларните болници се направени во вонредни услови, во ек на пандемија и оти тие не се замислени да бидат вградени со кислород.  

– Тие се градени без системи за кислород или слично. Кога доаѓа третиот бран се вградени самите системи за кислород и верувам тоа е веќе познато на самата јавност, посочи Заев. 

Тој нагласи дека сите се свесни колку е присуството на кислород во ваквите објект повеќе застапено од вообичаено. 

– Откриена е причината за пожарот и таа е јасно и јавно објавена. Ја примив оваа информација и постапувам и веднаш дадов насоки до Министерството за здравство во најкус можен рок да се извршат темелни теренски контроли во сите модуларни болници. Сега е најважно да се засилат контролите и проверките за да се намали ризикот од вакви несреќи предизвикани од страни предмети во иднина, поради што за жал изгубивме 14 животи, рече Заев.

Тој потенцираше дека доколу има човечка грешка надлежни се органите коишто го истражуваат тоа, како во сите земји така и кај нас, Јавното обвинителство, судовите или слично.

– Доколку утврдат грешка човечка, поединечна, каква било грешка тие го адресираат тоа прашање. Овде се работи за политички момент, за морално поднесување на оставките на коишто секако јас реков дека основата и еден од најважните импути за влијанието врз мојата одлука дали да ги прифатам ваквите одлуки или не ќе биде изворот на вештачењето од што се случил пожарот и како настанал пожарот, нагласи Заев, одговарајќи на новинарско прашање околу одлуката за неприфаќање на оставките на Филипче и Хасани.

Тој наведе дека ни се случи страшна трагедија, но не сме единствена земја во светот во која се случуваат вакви трагедиии и при тоа повторно изрази сучувство до семејствата на загинатите.

– Романија е последниот пример дека тешката деноноќна борба со пандемијата ги прави јавно здравствените системи поранливи од мирнодопски периоди. Ни се случи стратешка трагедија и нема бегање од тоа. Изразувам уште еднаш сочувство до семејствата на загинатите и загубените човечки животи. Болката и тагата е присутна кај цела наша нација, кај сите граѓани. Наша должност пред се како луѓе после како политичари да не им ја правиме огромната загуба на семејството на трагично загинатите уште потешка и да обезбедиме функционирање на системот на здравствена заштита, рече премиерот.

Претседателот на Владата истакна дека на македонското здравство, на сите граѓани им е потребен систем кој соодветно ќе одговори и ќе ги заштити во време на пандемија. Затоа, како што рече, треба да гледаме и подалеку од денес и подалеку од утре.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена