Поврзи се со нас

Референдум 2018

Заев од Гостивар: Немаме два живота, на 30-ти септември да ја осигураме иднината на Македонија

Објавено

на

„Референдумот на 30 септември е еднакво важен како Референдумот од 8 септември 1991-ва година. Тогаш граѓаните гласаа за независност на државата, а сега треба да гласаат за сигурна иднина и перспектива. Нема друга алтернатива за Македонија. Одлуката е исправна и вредна. НАТО и Европа ни подаваат раце за да не` извлечат од калта, зарем треба да кажеме топло ни е и убаво да шлапаме во калта. Не. Доста шлапавме во калта. Треба да излеземе и да гласаме „За“ за иднината на нашата држава, за иднината на нашите деца. Немаме два живота, па со едниот да експериментираме. Мора да се нафатиме да го направиме животот, овде во Македонија вреден. Да не ни бегаат децата. Да ја искористиме шансата која ни е дадена“, порача вечерва на граѓанскиот собир во Гостивар, премиерот на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Во своето обраќање Заев потенцираше дека влезот во ЕУ и НАТО отвора нови економски и безбедносни перспективи за државата, по 27 години од нејзината независност.

„Коалицијата „За европска Македонија“ ја поддржаа сите стопански комори, затоа што  знаат дека бизнисите имаат иднина на европскиот пазар од 500 милиони потрошувачи, што е 250 пати поголем од македонскиот пазар. И синдикатите се сите со нас, затоа што знаат дека покрај перспективите на нашата земја, ќе имаат поголеми работнички права, поголеми плати и подостоинствени работници“, истакна Заев.

Осврнувајќи се на договорот со Грција, Заев рече дека компромис бил неопходен. „Грција доби „ерга омнес“ име, а ние добивме „ерга омнес“ индентитет и јазик. Да, ќе го промениме името во Северна Репбулика Македонија, но добиваме потврда на тоа што беше спорно, го потврдуваме македонскиот идентитет и јазик.“, рече тој и додаде дека излегувањето на референдумот е обврска, а неизлегувањето и седењето дома, кукавичлук.

Заев го потенцираше Гостивар како пример за мултиетнички соживот и почитување на разликите од кој, како што рече може да се научи добра лекција.

На собирот во Гостивар зборуваа и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу и пејачката Елизабета Јовановска.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена