Референдум 2018
Заев од Гостивар: Немаме два живота, на 30-ти септември да ја осигураме иднината на Македонија
„Референдумот на 30 септември е еднакво важен како Референдумот од 8 септември 1991-ва година. Тогаш граѓаните гласаа за независност на државата, а сега треба да гласаат за сигурна иднина и перспектива. Нема друга алтернатива за Македонија. Одлуката е исправна и вредна. НАТО и Европа ни подаваат раце за да не` извлечат од калта, зарем треба да кажеме топло ни е и убаво да шлапаме во калта. Не. Доста шлапавме во калта. Треба да излеземе и да гласаме „За“ за иднината на нашата држава, за иднината на нашите деца. Немаме два живота, па со едниот да експериментираме. Мора да се нафатиме да го направиме животот, овде во Македонија вреден. Да не ни бегаат децата. Да ја искористиме шансата која ни е дадена“, порача вечерва на граѓанскиот собир во Гостивар, премиерот на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Во своето обраќање Заев потенцираше дека влезот во ЕУ и НАТО отвора нови економски и безбедносни перспективи за државата, по 27 години од нејзината независност.
„Коалицијата „За европска Македонија“ ја поддржаа сите стопански комори, затоа што знаат дека бизнисите имаат иднина на европскиот пазар од 500 милиони потрошувачи, што е 250 пати поголем од македонскиот пазар. И синдикатите се сите со нас, затоа што знаат дека покрај перспективите на нашата земја, ќе имаат поголеми работнички права, поголеми плати и подостоинствени работници“, истакна Заев.
Осврнувајќи се на договорот со Грција, Заев рече дека компромис бил неопходен. „Грција доби „ерга омнес“ име, а ние добивме „ерга омнес“ индентитет и јазик. Да, ќе го промениме името во Северна Репбулика Македонија, но добиваме потврда на тоа што беше спорно, го потврдуваме македонскиот идентитет и јазик.“, рече тој и додаде дека излегувањето на референдумот е обврска, а неизлегувањето и седењето дома, кукавичлук.
Заев го потенцираше Гостивар како пример за мултиетнички соживот и почитување на разликите од кој, како што рече може да се научи добра лекција.
На собирот во Гостивар зборуваа и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу и пејачката Елизабета Јовановска.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар