Гостивар
Заев утре на трибина во Гостивар
СДСМ утре (23 ноември), ќе одржи отворена граѓанска трибина во Гостивар, во рамки на партискиот карван под мотото „На прав пат“. На трибината ќе говори претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.
Во најава на настанот, општинската организација на СДСМ во Гостивар денес организираше информативна средба на градскиот плоштад, кадешто ја делеа програмата и ги повикуваа граѓаните на учество на утрешната трибина.
„За помалку од две и пол години станавме модерна и европска држава, а успехот на реформите спроведени од Владата предводена од СДСМ, се признаени од целиот демократки свет. Затоа гордно кажуваме: Државата е на прав пат!. Тоа е патот на развојот и просперитетот, повисоките плати во сите општествени сектори, градежната офанзива, повисоките субвенции, враќањето на парите кај граѓаните…Во изминатиот период организиравме стотици урбани и маалски средби со гграѓаните, го слушнавме нивниот глас и заедно го трасиравме овој пат кој води напред во подобра иднина. Продолжуваме така со отворен, искрен и чесен пристап да ги изнаоѓаме решенијата на проблемите. Затоа, ве повикувам да се приклучите на граѓанската трибина во Гостивар“, рече Драгољуб Филипоски, претседател на ОО на СДСМ Гостивар.
Трибината ќе се одржи во Центарот за култура АСНОМ, со почеток во 13 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар