Поврзи се со нас

Гостивар

Заев во Гостивар: Во 6 ИЕ ќе ги победиме ДУИ, Алијанса, а од ВМРО ДПМНЕ ќе имаме двојно повеќе пратеници

Објавено

на

Коалицијата „Можеме“ вечерва одржа граѓанска трибина во Гостивар, на која лидерот на СДСМ, Зоран Заев порача дека се убедени во победа на Парламентарни избори, заради својот концепт и храброст во донесувањето на одлуки.

„Гостивар и во најтешките денови за нашата мултиетничка бил пример на сплотеност и единство и денес сме уште поисправени од минатото да го потврдиме тој гостиварски дух на ниво на цела држава. Тоа е единстевн исправен модел кој може да не’ јакне на секој план и може да им гарантира на нашите деца посветла иднина. Покажавме дека не се сите политичари исти, ние носиме одлуки и имаме храброст. Ги слушам повторно ВМРО зборуваат за македонштината, ДУИ за албанштината. Ние имавме храброст, сите одлуки за кои се чукаа во градите големи Македонци и големи Албанци ги затворивме. Да ги прашам ДУИ зошто не го донесовте законот за јазиците 11 години кога бевте на власт со ВМРО, што ви фалеше? Затоа што немавме храброст, калкулиравте, требаше да дојде Заев и концептот едно општество за да го донесе законот. Мултиетнички Гостивар ќе победи, затоа што сме заедно, а тоа ниту еден од противниците го немаат како капацитет. Затоа во шеста изборна единица ќе го победиме ДУИ, ќе ги победиме Алијанса за Албанците и ќе имаме најмалку дупло повеќе пратеници од ВМРО“, истакна Заев.

Зборувајќи за она што го реализирале на чело на државата, тој ги спомена покачувањето на социјалната помош, минималната плата и платите во здравството и просветата, укинувањето на квотите за лекови, решавање на статусот на стечајците, членството во НАТО и друго.

„Покажавме дека водиме грижа за сите, најмногу за сиромашните, докажавме дека парите ги има во државата и можеме да ги враќаме. 10 милиони и 700 илјади евра вративме пари само од Мој ДДВ, денес 305 илјади граѓани скенираат фискални сметки и тие се наши проширени испектори кои придонесуваат да се издаваат фискални сметки. Ги исполнивме нашите стратешки цели, успеавме да добиеме одлука за почеток на преговорите со ЕУ после 15 години чекање како земја кандидат, а НАТО членството е траен мир, вечна безбедност. Вистинки партиот е тој што ги расте платите, што вработува, ги пушта парите кај граѓаните назад, тоа сме ние, другите се кукавици што се кријат зад картата на национализмот. 21 век сме, треба ли да се докажуваме кој е поголем Македонец или Албанец, не, треба да одиме напред“, рече Заев.

Во своето обраќање кандидатот за пратеник од Гостивар, Драгољуб Филипоски нагласи: „Патриотизам е да гледаш среќен народ, задоволни граѓани кои својата иднина ја гледаат дома, држава која нуди можности за своите граѓани подеднакво без оглед на меѓусебните разлики. Патриотизам е македонскиот јазик во семејството на Обединетите Нации, македонското знаме во семејството на НАТО алијансата. Изминатите две и полгодини Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев докажа дека може да ја изведе државата на прав пат. Затоа од тука, од мултиетничко Гостивар ја испраќаме пораката дека она што го започнавме ќе го направиме уште подобро, уште повеќе“.

На трибината зборуваа и кандидатите за пратеници од коалицијата во ИЕ 6, Фаница Николоска и Илјас Бејџан.

 

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена