Македонија
Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на Македонија

Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на државава, изјави денеска на почетокот на конференцијата во Скопје за квалитетот на воздухот, директорот на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи.
Тој рече дека и покрај напредокот од 1990-те, загадувањето на воздухот е сѐ уште високо, особено во зимските месеци.
- Луѓето во Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични честички (PM2.5), во споредба со лица од Западна Европа, додаде Паолучи.
Здравиот воздух, нагласи тој, е од клучно значење за одржливиот развој.
Обраќање имаше и првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Според него, првиот фактор е тоа што домаќинствата и индустријата сѐ уште користат неквалитетно дрво и други извори за греење, посебно во зимската сезона.
- Тука е и урбаниот транспорт и ред други причини. Ние веќе усвоивме и работиме на конкретна програма каде што освен гасификацијата е, предвидени се и когенеративни гасни системи, исто така планираме да ги субвенционираме да се враќаат граѓаните на централното греење, посебно во урбаните средини каде што има. Во однос на гасификацијата мислам дека тоа е едно од решенијата што граѓаните ќе ги пренасочи кон помалку штетни или нештетни средства за греење во текот на сезонава. Исто и во однос на урбаниот транспорт како што почнавме со електричните автобуси, планираме во Владата уште 100-120 други да ги поделиме за јавен транспорт на општините, тука се и приватните иницијативи, фабриката што деновиве ќе биде пуштена за обработка на употребено уље и тоа да се рециклира 100 отсто и да има производство од Република Македонија. Работиме исто така и на други иницијативи и проекти. Значи, посветени сме сите можности да ги искористиме за да дојдеме до почист воздух, нагласи Меџити.
Даме Димитровски, професор на Машинскиот факултет-Скопје, појасни дека програмата е изготвена врз база на долгорочни истражувања и од „нашите научни институции и од нашите партнери кои долги години претставуваат кои се загадувачи и како влијаат на загадувањето“.
Како што најави, во план е строга и правична инспекциска контрола за сите индустриски капацитети.
-Дополнително, планираме строга и правична инспекциска контрола за сите индустриски капацитети во државата, така што емисиите ќе бидат јавни и сите ќе бидеме сигурни дека тоа што се емитува е сигурно на европски ранг. Како што во 1963 формиравме силни научни институции, кога имавме проблем со земјотресот, сега сакаме да ги поддржиме научните институции да се бават со истражување за чистење на воздухот или за не загадување на воздухот и таква програма сме предвиделе, додаде Димитровски.
На новинарско прашање дали во пракса е казнет некој, тој одговори дека сега се прави посебен правилник.
- Значи се идентификуваше дека досега капацитетите биле слаби или ангажираноста била слаба или можностите биле слаби на инспекторатите. Сега во пракса ќе се предвиди едно силно централизирано тело, што ќе се бави со инспекција во животната средина, што ќе може на сите објекти и по вертикала и по хоризонтала, да може да прави инспекција, да не си предаваме надлежности или да не си даваме можности за образложенија – не е моја надлежност, најави Димитровски.
На прашање дали е во план инспекторите да бидат поактивни за време на државните празници, бидејќи во тој период бил повеќе загаден воздухот, министерот рече дека ќе се работело интензивно.
- Веќе имаме донесено мерки на Владата и веќе се на терен. Веќе има и казна. Но, има потреба да се зголеми и бројот на инспекторите, бидејќи е мал нивниот број за да има опфат низ цела Македонија, изјави Меџити.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос