Свет
Загадениот воздух може да предизвика аутизам, покажа ново истражување
Една нова студија на израелски научници покажа дека загадувањето на воздухот, особено она предизвикано од издувните гасови од автомобилите и генерирано од големите фабрики, може да влијае на значително зголемување на стапката на аутизам кај децата, а изложеноста на мајката на загадување за време на бременоста исто така придонесува за ова.
-Откритието дека помалите честички, особено ситните честички – ПМ2.5, како и азотниот оксид, кои се создаваат при согорувањето на горивото, успеваат да стигнат до плацентата за време на бременоста преку организмот на мајката и да влијаат на развојот на мозокот на фетусот, тврдат научниците чија работа на таа тема беше објавена во медицинското списание „Brain Medicine“ во ноември.
Изложеноста на трудниците на загаден воздух негативно влијае на имунолошкиот систем на мајката, а бремените жени и децата се особено опасност во регионите со екстремно високо загадување на воздухот, велат научниците и апелираат да се преземат соодветни мерки за заштита на трудниците од оваа опасност.
-Различни видови на невролошки нарушувања, вклучително и нарушување на аутистичниот спектар, може да се поврзат со овој фактор на загадување на животната средина, вели главниот автор на студијата, Хајтам Амал од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.
„Се чини дека времето на изложеност на азотен оксид е клучно, бидејќи изложеноста на споменатите загадувачи во текот на бременоста и во раниот постнатален развој на детето претставува значителен ризик за развој на аутистични нарушувања (АСН), со оглед на тоа што е клучен дел од невроразвојниот процес“, објасни Амал, додавајќи дека лицата со генетска предиспозиција за АСН може да бидат уште почувствителни на негативните ефекти од изложеноста на азотен оксид.
Студијата опфати и други загадувачи на воздухот за кои е откриено дека го зголемуваат ризикот од можен развој на аутизам. Авторите на студијата предупредуваат дека еден од нив е бензенот, кој се наоѓа во издувните гасови од возилата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија