Вести
Загрижувачка глетка: Се дрогираат во двор на училиште во Гостивар
Дека болестите на зависност се проблем и одговорност на целото општество, докажува и оваа вознемирувачка глетка на двајца зависници, кои инјектираат дрога во задниот дел на дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар. Уште повеќе загрижува фактот, што сето тоа се случува среде бел ден. Родителите алармираат на можните последици за децата и бараат поголемо ангажирање од надлежните институции за ваквите случаи да не се повторуваат.
Од полицијата информираа дека случајот им е познат, лицата кои злоупотребувале дрога во кругот на училиштето се идентификувани и против нив се преземаат соодветни мерки.
Училишната управа во насока на зачувување на безбедноста на учениците, побарала поголемо полициско присуство околу објектот. Училиштето планира да ангажира и двајца чувари, кои ќе контролираат во текот на денот и преку ноќ.
На почетокот на новата учебна година, токму за поголема безбедност на учениците и превенција на инциденти беше одржана средба меѓу претставници на полицијата и директорите на гостиварски училишта.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар