Поврзи се со нас

Македонија

Закажување тест за корона се врши и преку матичните лекари

Објавено

на

Закажувањето на земање брисеви за тестирање на коронавирус од вчера се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од симптомите како сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар (заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар).

Минисретството за здравство ја објаснува натамошната постапка:

„Матичниот лекар им поставува прашања на граѓаните и тие одговорат на десетина прашања. Согласно одговорите на епидемиолошката анкета, електронски алгоритам укажува на тоа дали е потребно тестирање или не, и доколку е потребно кој е степенот на итност. Во оваа прилика, апелираме до граѓаните дека се должни да даваат точни податоци за епидемиолошката анкета во интерес на јавното здравје и точното приоритизирање на итноста за тестирање. Исто така, апелираме да се јават само доколку имаат симптоми, да не се оптоварува системот беспотребно.

Во случај да треба да се изврши тестирање, матичниот лекар го закажува тестирањето преку „Мој Термин” на некој од пунктовите според местото на живеење на пациентот. Без закажување, не е возможно да се изврши тестирање и затоа граѓаните се предупредуваат да не одат сами на пунктовите без закажан термин.

Во закажниот термин, не треба да се оди кај матичниот лекар или да се зема некоја потврда, граѓаните треба да одат директно на пунктот за да бидат тестирани. Се истакнува дека треба да носат заштитни маски и ракавици и по можност да не доаѓаат со јавен превоз.

По земањето брисеви и соодветно испитување, за резултатите пациентите ќе бидат известени и согласно состојбата ќе биде заземен став за натамошно лекување дали на клиника, болница или во домашни услови, а во целосна секојдневна комуникација со матичните лекари и со сестра и доктор од Клиниката за инфективни болести.

Во функција за поддршка на граѓаните е и бесплатниот број на контакт центарот на Министерството за здравство 0800 002 03 на кој може да се добијат сите потребни дополнителни информации, како и информации за тоа како да се закаже тестирање и други препораки во однос на коронавирусот.“

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена