Поврзи се со нас

Македонија

Законски да се ограничи производството и продажбата на енергетски пијалоци

Објавено

на

Енергетските пијалоци се лесно достапни да се купат, а младите често ги злоупотребуват, пиејќи во големи количини или ги мешаат со алкохол, што е опасно по здравјето. Оваа проблематика беше разгледувана на петтиот состанок на Националниот совет за безбедност на храна, што се одржа пред неколку денови.

„За да се спречат негативните последици кои може да бидат предизвикани од прекумерна употреба на енергетски пијалоци, но, пред се` да се ограничи можноста на пазарот да се пласира веќе подготвена комбинација од енергетски пијалак и алкохол, за која досегашните научни истражувања во светски рамки потврдуваат дека може да биде исклучително штетно и опасно по животот и здравјето на луѓето, неопходно е законски да се ограничи нивното производство и продажба. Од исклучителна важност е превенцијата и затоа нужно е и да се работи на креирање на кампањи за подигнување на јавната свест од опасноста која може да ја предизвика прекумерната употреба на енергетските пијалаци и нивното мешање со алкохол.“, истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, како претседавач со Националниот совет за безбедност на храната,

Без последици по здравјето, возрасните лица може да консумираат најмногу два енергетски пијалаци дневно. Ризик по здравјето постои доколку овој, на пазарот релативно нов тип пијалаци, се комбинираат со алкохол, пракса се поприсутна кај младата популација, кој е и најголем консумент на енергетски пијалаци, наведуваат од Агенцијата за храна.

Според нивните податоци, во првите пет месеци од годинава, увезени се 103 пратки со енергетски пијалаци, со повеќе од 2,2 милиони лименки.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена