Поврзи се со нас

Гостивар

Заменик министерот Шабани го посети интернатот во Гостивар и ја пофали директорката за менаџирањето

Објавено

на

Заменик министерот за образование Арафат Шабани денес беше во посета на средношколскиот дом во Гостивар, каде се извршени повеќе зафати за подобрување на условите за сместување на учениците.

Во собите има нов инвентар, реновирани се тоалетите, уредена е просторија за пинг-понг, променети се прозорци и врати, а актуелно се прават и други инвестиции.

„Сакам да и честитам на директорката за успешното менаџирање со интернатот, таа навистина може да биде пример за сите други како треба да се менаџира со една ваква установа. Под капа на Министерството за образование имаме 18 ученички домови во земјава, каде се инвестирани 50 милиони денари во инвентарот, а сега течат инвестици во кујните кои од септември ќе бидат подобро опремени со модерна кујнска апаратура. Од утре почнува аплицирањето за сместување во ученичките домови по електронски пат и во таа насока ги поттикнуваме сите ученици кои ги исполнуваат условите да се пријават“, рече Шабани.

Интернатот во Гостивар има капацитетот да згрижи околу 300 ученици во посебни делови за машки и женски.

„Му благодарам на заменик министерот и претставницте од Секторот за ученички и студентски стандард што дојдоа на лице место да ја видат нашата работа, инвестирањето, трудот секој денар да се вложи каде што е потребно. Настојуваме да нудиме што подобри услови за сместување и исхрана и простории за забава и спортско-рекреативни активности“, истакна директорката Линдихана Салаи Сулејмани.

Наредни планови за интернатот се уредување на дворната површина, како и санација на фасадата на објектот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена