Поврзи се со нас

Гостивар

Заменик министерот Шабани и градоначалникот Таравари на средба за состојбите во училиштата

Објавено

на

Заменик министерот за образование Арафат Шабани денес беше во посета на Општина Гостивар. На средбата со градоначалникот Арбен Таравари разговараа за актуелностите во наставниот процес, предизиците и состојбите во училиштата и проектите коишто треба да се реализираат.

„Тука сме во Општина Гостивар, дирекно од прва рака да добиеме информации како се менаџира образованиот процес, особено во време на пандемија. Целиме да дадеме наш продонес во департизацијата и професионализацијата во образованието, сакаме да го подигнеме нивото на соработка во реализација на капиталните инвестици. Исто така, да ги согледаме состојбите со наставниците и професорите кои се ангажирани на неопределено. Од наредната година, секој што ќе биде вработен во образованието, веднаш ќе добие решение за работа“, изјави заменик министерот.

Општина Гостивар кај Министерството за образование годинава конкурира со четири проекти:  уредување на покривот на училиштето во Чегране, фасада во ОУ „Гоце Делчев“,  инвестиции во училиштето во село Дебреше и спортската сала меѓу на економското и медицинското училиште.

„Ние би биле задоволни ако и два проекти поминат во Министерството за образование, затоа што до сега не сме земале ниту денар за инвестиции во училиштата. Позитивно е што сега со министерката, а особено со заменик министерот, кој и самиот е од Гостивар, развиваме добра соработка, која се надевам ќе вроди со плод“, рече градоначалникот.

Заменик министерот и градоначалникот од денешната средба испратија заедничка порака дека деполитизацијата и професионализацијата во образованието е неизбежна.

 

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 46 минути

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Спортпред 2 часа

Интернационале Милано по 20 пат шампион на Италија

Македонијапред 3 часа

Сообраќајот по влажни коловози, застои нема

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Гостиварпред 18 часа

Лични документи можат да се подигнат и во среда

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

За гласање утре во Гостивар пријавени 129 болни и немоќни, во Врапчиште 30

Гостиварпред 19 часа

Верни на традицијата-ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт во четврток

Гостиварпред 21 час

Ученици од Гостивар создаваа ликовни дела според прочитани книги

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена