Поврзи се со нас

Македонија

Занаетчиите бараат субвенции и да бидат потрошувачи на струја во категоријата домаќинства

Објавено

на

Занаетчиите да добијат субвенции од државата и да се сметаат како потрошувачи на струја во категоријата „домаќинства“, бара Занаетчиска комора Скопје за полесно пребродување на енергетската криза.

Комората предупредува дека секторот е во криза и информира дека побарала од Владата субвенционирање на дел од сметките за потрошена електричната енергија за занаетчиите од октомври 2022 до мај 2023 година. Доколку не се субвенционираат занаетите на кои им е потребна подршка во овој период, потенцира Комората, голем дел од нив ќе престанат да вршат дејност.

-Енергетската криза влијае негативно на целиот занаетчиски сектор, целиот сектор е во криза зашто ресурсите, струјата и  репроматеријалите се поскапени, како и поради негативното влијание на дефицитот на стручен кадар. Занаетчиството е сектор каде функционираат бизниси како самостојни вршители на дејност но и бизниси кои имаат вработени и на кои им е неопходнo олеснување на трошоците за електрична енергија затоа што се потрошувачи на електрична енергија во процесите на вршење на занаетчиска дејност. Занаетчиите ја користат електричната енергија како ресурс за вршење дејност – вклучување на алатот за работа, затоплување и ладење на занаетчиските работилници, наведува Занаетчиската комора.

Според Комората, во тарифниот систем на продажба на електрична енергија на потрошувачите, занаетчиите регистрирани согласно Законот за занаетчиство треба да се изземат од тарифата „останата потрошувачка” и да влезат во тарифата за домаќинствата, а не да се тарифираат во категорија „останата потрошувачка“ со која се израмнети и со најголемите индустриски гиганти.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 3 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 4 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 5 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 6 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 6 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 20 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 24 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена