Поврзи се со нас

Македонија

Занаетчиите со реакција за предлог измените на Законот за данокот на добивка

Објавено

на

Oд Занаетчиската комора денеска реагираа за предложените измени на Законот за данокот на добивка кои се дел од даночните реформи, а кој ги засега микро, малите и занаетчиските дејности.

Претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлји изјави дека ако се донесе овој закон како што сега е предложен ќе придонесе за зголемување на сивата економија и ќе затвори огромен дел од микро, малите и занаетчиските дејности.

– Покрај кризите со кои се соочивме, пандемската, економската, енергетската криза сега, последен удар за нас е и овој предложен закон. Нашите членки реагираат и укажуваат дека наместо државата да се бори со сивата економија, да обезбеди услови за формалните дејности, на овој начин иницира формалните дејности кои и онака тешко опстојуваат на пазарот да преминат во непопуларната и никому од корист сива економија, изјави Фазлији.

За занаетчиските дејности е важно да има даночни олеснувања, пред сè паушално оданочените занаетчии да имаат 50 проценти помалку данок во однос на претходната година. Реално оданочените занаетчии да не плаќаат данок до три милиони денари на годишно ниво.

Како што појасни Фазлији, од 2023-та година занаетчиите очекувале да се зголеми прагот на плаќање на ДДВ од сегашни два на три милиони денари и да бидат ослободени од плаќање на данокот за да може да ја придвижат економијата.

– Ние не сме против даноци, напротив, бараме да има фер услови за работа и лојална конкуренција, изјави Фазлији.

ОД ЗКРСМ најавија дека ќе поднесат свои предлози за даночни реформи.

Собранието веќе ги усвои измените на Законот за данокот на личен доход, со што од 1 јануари 2023 година ќе продолжи да се применува рамниот данок од 10 проценти, односно се укинува прогресивното оданочување и се одложува даночењето на каматите на заштедите до влезот на државава во ЕУ. Во наредниот период треба да се усвојат измените и дополнувањата на Законот за ДДВ и Законот за данокот на добивка, кои исто така се дел од Концептот на даночна реформа.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 12 минути

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 1 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 2 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 4 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена