Занимливости
Занимливости за првите чекори на човекот по Месечината

Објавено
пред 4 месецина

Теорија на заговор или факти? Еве неколку интересни моменти за стапнувањето на човекот на Месечината.
Теоретичарите на заговори тврдат дека Американците го замолиле Стенли Кубрик да го режира првото слетување на човекот на Месечината.
На 16-ти јули 1969-та година од Кенеди лансирачкиот центар во Флорида, САД, лансиран е Аполо 11. Пет дена подоцна Нил Армстронг стана првиот човек кој стапнал на површината на Месечината. И ден денес некои интересни работи поврзани со оваа мисија предизвикуваат чудење.
Нема добра фотографија од Нил Армстронг од Месечината
Армстронг е првиот човек кој чекорел по Месечината, но не постои негова добра фотографија која тоа го докажува. Онаа најпознатата која кружи по литературата и по интернетот, всушност го прикажува Баз Алдрин.
“Не ми падна на памет да побарам од Баз да ме сними на Месечината. Како и да е, тој е секогаш многу пофотогеничен“, му рекол Армстронг на својот биограф Џејмс Р. Хансен.
Во екипажот на Аполо 11 имало уште еден член
Сите знаат дека по месечината чекореле Нил Армстронг и Баз Алдрин, но во вселенската мисија Аполо 11 бил вклучен уште еден член, Мајкл Колинс. Овој астронаут управувал со командниот модул од вселенското летало Аполо 11 и не се помрднал од орбитата околу Месечината. Иако не бил на површината на ова небеско тело, без него мисијата не би била возможна.
Армстронг со себе понесол нешто важно
Браќата Рајт се првите луѓе кои успеале да полетаат со авион. Тој важен момент во историјата на авијацијата се случил на 17-ти декември 1903-та година. Во нивна чест, Нил Армстронг со себе во вселената понесол дрвено парче од нивното летало Флајер, кое денес може да се види во музејот Смитсониан во Вашингтон.
Америка била спремна за неуспех
До 1969-та година човечка нога не стапнала на површината Месечината. Иако во програмата Аполо 11 било вклучено 400.000 стручњаци од различни подрачја, сите тие биле спремни на евентуален неуспех на вселенската мисија. Американскиот претседател Ричард Никсон дури имал спремен говор за во случај астронаутите да не се вратат на Земјата.
Луѓето не стапнале на Месечината
Добар дел од светот не верува дека Нил Армстронг некогаш зачекорил на Месечината. Теоретичарите на завери тврдат дека Американците ја губеле вселенската битка со поранешниот Советски Сојуз (кој ги пратил првиот човек и првиот сателит во вселената) па решиле да го возвратат ударот. Го замолиле режисерот Стенли Кубрик кој го завршувал своето ремек дело “2001: Одисеја во вселената“, да го режира првото слетување на човекот на Месечината.
Сомнежите дека слетувањето е лажирано ги подтикнала книгата на Бил Кејсинг од 1976-та година со наслов We Never Went to the Moon: America’s Thirty Billion Dollar Swindle (Никогаш не отидовме на Месечината: Американската 30 милијарди долари вредна измама). Тој некое време работел во компанијата Рокетдин, која ги проектирала моторите за Сатурн 5, па тврдел дека Америка нема доволно развиена технологија за префрлање луѓе на Месечината.
Иако никогаш не се потврдени неговите тврдења, и денес постојат многумина кои веруваат дека слетувањето било одработено во холивудско студио. Таквите неверници најчесто прашуваат зошто знамето на САД се виори во вакуум.
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:

КК Гостивар загуби од Кожув во Гевгелија 90-74

Следете го во живо натпреварот: КК Кожув-КК Гостивар (Livestream)

Редовната вакцинација во Гостивар тече непречено, апел до родителите да ги носат децата на вакцина

Зголемена бројка на новозаразени со корона во Гостивар, ќе има ли подрачјето нов ковид бран?

Болницата во Гостивар ќе добие апарат за магнетна резонанца

Заостанат натпревар: КК Кожув – КК Гостивар денеска од 17.30 часот

Приведен гостиварец кај кого била пронајдена марихуана

Земјотрес почувствуван во Гостивар

Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар

Земјотрес почувствуван во Гостивар

Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот

Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар

Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?

Гостиварците Анастасоски и Лазарески ќе се натпреваруваат на Светското првенство во скијање во Италија

Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Што, како, каде?!пред 4 недели
Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар
- Здравје и убавинапред 3 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Македонијапред 3 месеци
Проверете дали сте на листата на граѓани кои ќе добијат по 6000 денари од четвртиот сет мерки
- Гостиварпред 21 час
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари
- Гостиварпред 2 месеци
Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово
- Гостиварпред 3 месеци
Запознајте го Давид од Гостивар, најмалиот железничар на светот