Поврзи се со нас

Гостивар

Пожар кај Русино вечерва, интервенираат екипи на гостиварски Комуналец

Објавено

на

Запалени гуми и отпад на неколку места близу депонијата Русино вечерва ги мобилизираа екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“, кои моментално интервенираат на терен со неколку камиони.

Според директорот на претпријатието, Исак Лазами во прашање е намерно предизвикување пожар во кругот на депонијата, што не е ретка појава.

„Очигледно е дека се работи за човечки фактор и дека ова е намерно палење. Постојано се соочуваме со проблеми од таков тип. Освен што се пали отпад намерно, се случува на пример да се истура по страните на патот до депонијата. Тоа некој го прави за да избегне плаќање. Би сакал да апелирам сите да се однесуваат совесно и одговорно. Да се престане со палење на смет, гуми и слично, да не се остава ѓубрето насекаде, се знае каде и како треба да се депонира.“, рече во телефонска изјава вечерва за Gostivarpress.mk, директорот на ЈП „Комуналец“, Исак Лазами, додавајќи дека иако регионалните депонии веќе две години се под надлежност на Владата, а не на општините, тие како локално јавно претпријатие секогаш преземаат мерки и интервенираат при вакви случаи.

Околу 21 часот во градот се почувствува смрдеа и чад, а мерните станици за квалитет на воздухот покажаа високо ниво на загадување.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена