Македонија
Запишувањето на првачињата ќе се врши и онлајн

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес најави воведување на нова дигитална услуга за запишувањето на децата во прво одделение, да може да се направи и електронски. Преку порталот uslugi.gov.mk родителите/старателите ќе можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните документи за вакцинаци и прегледи.
„Од мај месец стартуваат уписите во основно образование. Новиот Концепт за реформата во основното образование е донесен, новите програми за прво одделение се донесени, објавени се конкурси за пишување на нови материјали за учење коишто треба да бидат на ниво на квалитет што го имаат развиените земји и на ова комплементарно е и услугата онлајн запишување на учениците од прво одделение. Сигурна сум дека родителите ќе ја искористат и дека ќе имаме помалку гужва во училиштата и ќе имаме современ пристап во запишувањето во основното училиште. Понатаму ќе работиме и на средното образование“, најави министерката.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година