Поврзи се со нас

Македонија

Запленети станови и земјиште на Мијалков вредни 500.000 евра одат на лицитација

Објавено

на

Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас на кој се понудени дел од конфискуваните недвижнини од поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков за случајот „Империја“.

Огласот е објавен на страницата на Агенцијата и трае 15 дена, а рокот за поднесување на пријавите е до 23 август до 14 часот.

Наддавањето е закажано за 25 август и ќе се одржи по електронски пат преку системот за електронско наддавање на Агенцијата www.odzemenimot.gov.mk.

Понудени на продажба се два стана во Охрид, од кои едниот од 65 метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.775.234 милиони денари, а другиот во истата зграда од 114 метри квадратни проценет на  9.032.505 денари, како и земјиште од 56.818 метри квадратни кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје со почетна вредност од 17.045.421 денари и мал плац кај местото Џибарица на Кожуф од 321,81 метри квадратни проценето на 29.686 денари. Сите во вкупна вредност од околу половина милион евра.

„Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба“, гласи еден од условите во огласот објавен од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.

Претходно, во јули годинава на аукција на берза беа ставени запленети акции на Мијалков.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена