Гостивар
Започна дезинфекција на зградите во Гостивар

Во Гостивар започна да се спроведува дезинфекција на станбените згради како превентивна мерка од ширење на коронавирус. Прскањето го врши екипа на Јавното претпријатие за паркови и зеленило. Активностите стартуваа од населбата Малеарди, каде во текот на вчерашниот ден биле поминати 15-тина згради, а со истото темпо се продолжува и денес.
„Дезинфекцијата се врши со специјално средство за таа намена. Се прскаат влезовите и скалите низ зградите. Ова е мерка којашто ја преземаме за да се намалат ризиците од ширење на коронавирус. Кога ќе завршиме во Малеарди, ќе продолжиме во зградите кај големиот пазар, а планирано е за една недела да ги поминеме сите станбени објекти во Гостивар“, изјави Беким Челебиу, директор на ЈП за паркинг и зеленило.
Во текот на следната недела на влезовите на градот ќе се постават и пунктови за дезинфекција на возилата коишто влегуваат на гостиварска територија.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград