Спорт
Започна кошаркарскиот КУП: КК Гостивар прв ги спакува куферите, елиминиран од МЗТ Скопје 91-76
Со четвртфинални натпревари, започна 32-то издание на некогаш најмасовното кошаркарско натпреварување во земјата, денес завршен турнир, во кој учествуваат осум екипи, играјќи за вториот најпосакуван трофеј во сезоната – кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, кој од четврток до сабота по пауза од 17 години се одржува во Битола.
Честа први да истрчаат на паркетот во „Боро Чурлевски“, од 12 часот, ја имаа бранителот на титулата МЗТ Скопје и двократниот освојувач на ова натпреварување екипата на КК Гостивар. Пласманот по 11-те одиграни кола ги формираше четирите натпреварувачки двојки за четвртфиналната рунда.
„Штрковите“ по 40 минути игра славеа со резултат 91-76 (23:24, 31:16, 20:16, 17:20) со што обезбедија билет за полуфиналето, додека гостиварци до 14 часот го завршија годинешниот Куп-предизвик, по првиот натпревар.
Американецот од редовите на КК Гостивар Вилијамс беше најефикасен на натпрварот со 23 поени, кај МЗТ Скопје се издвои босанскиот интернационалец Делалиќ со 22 поени
Во вториот денешен дуел се среќаваат Чаир 2030 и кавадаречки Еуро Никел 2005 (14.30 часот), а од 17.30.часот, на програмата е дуелот меѓу скопските екипи на Работнички и ТФТ Моцарт, додека во последниот меч денеска (19.30 часот) домаќинот на турнирот, Пелистер го пречекува Феникс 2010.
Полуфиналните натпревари ќе се играат утре од 17 и од 19.30 часот, додека финалето е закажано за сабота од 18 часот.
МЗТ Скопје е најтрофеен клуб во ова натпреварување со 11 трофеи, Работнички има 10, следуваат КК Гостивар и Еуроникел со по 2, по еднаш го имаат освојувано уште и Кочани Деликатес, КК Вардар, АМАК и Карпош Соколи.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди