Гостивар
Започна Меморијалниот турнир во кошарка „Другарите за Игор“
Во спортската сала „Младост“ во Гостивар претпладнево беше отворен Меморијалниот турнир во кошарка „Другарите за Игор“, во чест и спомен на прерано починатиот гостиварски кошаркар Игор Билески, кој животот го загуби трагично во сообраќајна несреќа на 9 јуни, 2002-рата година.
Турнирот ќе трае денес и утре (8 и 9 јуни), а годинава се одржува по седумнаесетти пат. Силите ќе ги одмерат младинските екипи на Партизан Мултишпед Скопје, Феникс Скопје, Актавис Лесковац, Работнички Скопје, ФМП Скопје и КК Гостивар.
Меморијалниот спортски настан ќе се заокружи утре со доделување на пехари за најдобрите тимови.
Турнирот има хуманитарен карактер и парите што ќе бидат собрани од влезниците, кои се продаваат по цена од 50 денари, како и претходните години, ќе одат во хуманитарни цели.
Настанот се организира со поддршка на КК Гостивар, Општина Гостивар и КФСМ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар