Вести
Започна обновата на документи за социјална помош во Гостивар

Во Центарот за социјална работа во Гостивар, започна годишната обнова на документите за корисниците на социјална парична помош. Обновувањето на документацијата секоја година се спроведува во текот на месец јануари, а годинава е воведена нова обврска за полнолетните членови на социјалните семејства.
„Членовите на семејствата корисници кои имаат над 18 години, мора да се пријавуваат како невработени лица во Центарот за вработување. За малолетните важи доставување на потврда од училиштето кадешто се школуваат.“, вели Мухамед Таири од Центарот за социјална работа во Гостивар.
За обнова на документите за парична социјална помош, корисниците се должни лично да се обратат во Центарот, каде треба да пополнат барање и да потпишат изјава. Останатата потребна документација и потврди од другите институции, социјалните служби ги прибираат по службен пат.
Со обновата на документите, во Центарот за социјална работа истовремено се примаат и нови барања за социјална помош. Рокот за поднесување истекува на 28 јануари.
Бројката на социјални семејства на гостиварското подрачје се движи од 1.800 до 2.300.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести