Занимливости
Започна продажбата на руската лимузина „Аурус Сенат“

Руската компанија Аурус, првиот постсоветски луксузен автомобилски бренд, го отвори својот прв автомобилски изложбен салон во Москва.
Оваа марка на автомобили е омилена на рускиот претседател Владимир Путин, кој користеше ваква Аурус лимузина за време на неговата инаугурација како претседател минатата година.
Таа лимузина треба стане наследник на познатиот ЗИЛ, со кој со децении се превезуваат советските лидери, пренесува Ројтерс.
Целна група на купувачи на лимузината „Аурус“, чија цена е околу 250.000 евра, се клиенти во Северна Африка и Блискиот исток, но насочена е и кон европските и кинески пазари.
„Очекуваме да се отвори сличен салон во Кина во 2020-2021 година “ , рече рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров за време на церемонијата за отворање на салонот во Москва.
Руската влада, во проектот Аурус инвестираше повеќе од 180.000.000 евра започнувајќи од 2013 година. Возилото е произведено од рускиот Институт за истражување, познат по акронимот НАМИ, во партнерство со рускиот производител на автомобили Солерс.
Аурус Сенат, користи 4,4-литарски V8 мотор кој се наоѓа и во претседателскиот автомобил на Путин, но сериските лимузини се со помала моќност, околу 600 КС и 880 Nm.
Инаку, моторот кој го користи Аурус е развиен во соработка со експерти од Порше.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите