Поврзи се со нас

Вести

Започна пролетниот дел од 2МФЛ: Вардар Форино ја совлада Дрита, ФК Гостивар нерешено со Кадино

Објавено

на

Со натпреварите од 15. коло, после тримесечна пауза викендов стартуваше пролетната сезона во Втората македонска фудбалска лига – во двете групи Исток и Запад.

Претставниците на Гостивар во ова натпреварување максимално ја искористија зимската пауза да ги корегираат недостатоците во нивните редови и во пролетниот дел продолжат кон оставарување на зацртаните цели.

ФК Вардар од Форино на Градскиот стадион во Гостивар ја совлада екипата на Дрита од Боговиње со резултат 2:0. Погодоците за форинци ги постигна Едиз Спахиу, по еден во секое полувреме, запишувајќи ги првите бодови во пролетниот дел од сезоната. Со оваа победа екипата на Вардар од Форино се искачи на 5.место на табелата. Во следното коло гостуваат во Охрид кај ГФК Охрид Лихнидос.

ФК Гостивар пролетиниот дел го започна со гостински натпревар, гостуваа во Скопје кај фенерешот на табелата екипата на Кадино. Бесир Рамадани донесе водство за гостиварци во 43.минута, домаќините израмнија во 55.минута преку Ивановски, што се испостави конечен резултат на натпреварот 1:1. ФК Гостивар се наоѓа на 6.место на табелата, во следното коло ја пречекуваат екипата на Лабуништа 2011.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена