Поврзи се со нас

Спорт

Започна пролетниот дел во 2 МФЛ – На локалното дерби ФК Вардар од Форино не се појави на терен

Објавено

на

Викендов, после нешто повеќе од 2 месеци, започна пролетниот дел во двете лиги Исток и Запад од Втората македонска фудбалска лига. Но, продолжетокот на натпреварувањето донесе несакани сцени на фудбалското борилиште во Гостивар.

Во западната конференција во рамки на 17. коло требаше да се сретнат екипите на ФК Вардар од Форино и ФК Гостивар, но на овој натпревар официјалните домаќини не се појавија на теренот.

На закажаниот почеток во 14 часот на теренот во Градскиот стадион во Гостивар, се појавија службените лица и фудбалерите на гостинскиот тим, но ги немаше оние на Вардар Форино. Според правилата се причека 30 минути, по што судијата покажа крај на овој неодигран натпревар.

Нема дополнителни информации околу причината поради која форинци не се појавија на натпреварот, најверојатно Гостивар ќе добие службена победа.

Ова е втор натпревар сезонава за ФК Вардар од Форино да не излезе на терен, што според правилата на ФФМ, следи исклучување од лигата и преселба во понизок ранг, а Втората лига – запад, ќе продолжи со 9 екипи.

По комплетирањето на колото, ФК Гостивар со 33 бода се наоѓа на 2. позиција на табелата со заостанување од 7 бодови позади лидерот ФК Скопје, додека Вардар Форино е на последната позиција со 10 бодови.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 3 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 4 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 5 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 5 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 19 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 24 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена