Гостивар
Започна Рамазанскиот пост – Време на духовно прочистување, милост и добрина

Верниците од исламска вероисповед го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 30 март. За време на овој период, верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од храна, пијалаци и лоши мисли, со цел духовно и физичко прочистување.
Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар и секоја година неговиот почеток се поместува за 10 или 11 дена наназад во однос на грегоријанскиот календар. Постот е верска обврска за сите полнолетни и здрави муслимани, додека од него се ослободени болните, бремените жени и оние кои вршат тешка физичка работа.
По завршувањето на постот, на 30 март следува Рамазан Бајрам – тридневен празник кога семејствата се собираат на празнична трпеза, а се посетуваат роднините и пријателите. Првиот ден на Бајрам е државен празник.
Во пресрет на почетокот на постот, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи, упати порака во која истакна дека Рамазан е време на покорност, знаење и милосрдие.
– Постот не е само воздржување од храна и пијалаци, туку и духовно патување што ја зајакнува свеста за добрината и врската со Семоќниот Алах. Овој месец не поттикнува да бидеме посочувствителни кон другите, особено кон оние кои имаат потреба од помош, како и да придонесеме за поправедно и помирно општество – порача Фетаи.
Тој ги повика верниците да го искористат овој период за помирување, простување и зајакнување на меѓусебните врски.
– Нека овој Рамазан биде исполнет со добрина и божествена милост. Го молиме Севишниот Алах да ни даде сила и опрост, и да нè покрие со Неговата бескрајна милост – посочи поглаварот на ИВЗ.
Рамазан е време на духовно растење, солидарност и надеж, а верниците го дочекуваат со искрена посветеност и молитва за мир и благосостојба.
Локалната самоуправа на Гостивар вчеравечер во пресрет на месецот Рамазан за празнична атмосфера постави декорации низ улиците во централното градско подрачје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди