Спорт
Започна традиционалниот 59-ти Мавровски Меморијал

Денеска и утре ќе се одржува 59-то издание на Мавровски меморијал, меѓународен натпревар во нордиско дисциплини. Годинава, на најстариот скијачки куп на Балканот ќе учествуваат натпреварувачи од шест држави.
Организаторите, Скијачката федерација на Македонија и Меѓународната скијачка федерација (ФИС), ги објавија поединосте за натпреварот кој е дел од ФИС Балкан купот.
На овогодишниот 59-ти Мавровски меморијал ќе учествуваат 70 натпреварувачи од повеќе земји: Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и Грција.
- Техничкиот организатор е ски-клубот Мирна Долина, под покровителство на АД ЕЛЕМ и Скијачката федерација на Македонија. Тие оваа година покажаа значителен ангажман за искористување на погодните временски услови и припрема на падините на Маврово на едно повисоко ниво, се наведува во соопштението на организаторите.
Настанот се одржува во спомен на 38-те градители на хидросистемот „Маврово” и 14-те граничари кои ги загубија животите во снежна лавина во 1956 година.
- Мавровскиот меморијал е еден особено важен куп за Скијачката федерација на Македонија, кој секоја година традиционално се организира. Во чест на загинатите градители на планината Бистра оваа година ќе скијаат и ќе се натпреваруваат врвни скијачи од 6 различни земји, а ние со нашиот ангажман и напорна работа ќе продолжиме да ја одржуваме традицијата и да го поддржуваме развојот на зимските спортови во Македонија, изјави Дејан Пановски, претседател на Скијачката федерација на Македонија.
Македонски преставници се Ана Цветановска и Ставре Јада.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава