Занимливости
Започнете да штедите – за 50 милиони долари може да престојувате на Меѓународната вселенска станица

Љубители на вселенското пространство, започнете со штедење. НАСА објави дека Меѓународната вселенска станица (ИСС) ќе биде отворена за граѓаните – по цена од 50 милиони долари.
Според новата политика која овозможува комерцијализација на Меѓународната вселенска станица (ИСС), приватните астронаути ќе можат да летаат до станицата најрано во 2020 година, објави НАСА.
Приватните мисии на астронаутите ќе траат до 30 дена и нивните должности ќе бидат во согласност со неодамна одобрената политика на комерцијални и маркетинг активности поврзани со ИСС.
НАСА предвидува две приватни мисии годишно, по цена од 50 милиони долари по астронаут. Се разбира, за “приватните лица” ќе се применуваат строги медицински стандарди и правила за обука според НАСА.
За транспорт до ИСС, ќе се грижат двете американски компании кои развиваат капсули за превоз на луѓе, SpaceX i Boeing.
ИСС е плод на соработка на пет вселенски агенции кои претставуваат 15 земји, се градеше десет години во повеќе од 30 вселенски мисии.
Вселенската станица сега е со големина на фудбалско игралиште и кружи на висина од 400 километри над Земјата. Посадите со три до шест астронаути периодично се менуваат. Астронаутите досега биле од САД, Русија, Канада, Јапонија и Европа.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение