Поврзи се со нас

Спорт

Започнува јубилејната 30 македонска кошаркарска сезона – КК Гостивар стартува денес во Кавадарци

Објавено

на

Се е подготвено за почеток на јубилејната 30. сезона во Првата македонската кошаркарска лига во машка конкуренција, во која 12 клубови ќе се борат за титулата Шампион на сезоната 2021/2022.

Кошаркарскиот клуб Гостивар после изминатата „тешка“ година, сезонава тргнува со нови сили кон нови предизвици. Ростерот претрпе драстични измени, со што се измени и целата физиономија на играта на „бело-сините“, па гостиварци ќе имаат што да покажат пред гостиварската и македонската публика.

Премиерата во новата сезона, КК Гостивар ќе ја има денес од 18 часот во салата Јасмин во Кавадарци, против вицепрвакот Еуроникел 2005.

Кавадарчани се тимот кои ги исфрли гостиварци од Плејофот и Купот минатата сезона каде играа во двете финалиња, со истите високи амбиции влегуваат и во оваа сезона. Тимот на Горан Самарџиев претрпе повеќе измени летово на местата на: Ранко Мамузиќ, Џексон Дубински, Јане Петровски, Роберт Рикиќ, Данило Мијатовиќ и Марко Перовиќ кои го напуштија клубот, пристигнаа: Џордан Калахан, Обрад Томиќ, Ивица Димчевски, Џон Дејвис, Бранислав Џекиќ, Александар Штерјов, Предраг Самарџиски, квалитетни кошаркари кои со дел од тимот кој остана во Кавадарци: Дарко Соколов, Никола Караколев, Милан Милков, Тодор Златев и Илија Колев, ќе претстаавуваат тежок залак за секој противник.

КК Гостивар во градот на виното ќе пристигне во комплетен состав. Виктор Ефремовски, Ијасу Ворку, Маише Дејли, Марјан Јанески, Александар Тодоровиќ, Ренато Димитриевски, Никола Силаџи, Војче Лефкоски, Роберт Димитриевски, Андреј Цветковски, Златко Јовицоски, Тома Стојаноски и Василије Серафимоски се играчите кои ќе ги бранат боите на гостиварските „бело-сини“ сезонава, тренерот Јончевски наметна брза и динамична кошарка, која допрва треба да покаже резултати.

Во последните 12 дуели помеѓу овие две екипи минимална предност има екипата на Гостивар, која има 7 победи, наспроти 5 на Еуроникел.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена