Поврзи се со нас

Македонија

Започнува процес на унапредување на гимназиското образование

Објавено

на

    Со спроведување на анкета помеѓу наставниците и учениците од трета и четврта година во средните гимназиски училишта, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието го започнуваат процесот на унапредување на квалитетот на гимназиското образование и негово усогласување со европските образовни стандарди.

    „Повеќе од 20 години гимназиското образование е непроменето и неопходна е потребата од прилагодување на глобалните трендови и стандардни, како и на општествените текови. Во таа насока, преку анкетни прашалници за наставниот кадар и учениците во гимназиите, МОН и БРО ќе ги идентификуваат актуелните предизвици, но и силните страни на постојниот систем на гимназиско образование“, соопшти МОН.

    Со спроведување на реформа на гимназиското образование,како што посочуваат од МОН, се отвораат бројни можности за подобрување на квалитетот на наставата и учењето, како за учениците, така и за наставниците.

    „Придобивките ќе вклучуваат поуспешно усогласување на наставните програми со потребите на современото општество и пазарот на трудот, подобрување на критичкото размислување и практичните вештини на учениците, како и нивна подобра подготовка за понатамошно образование или работен ангажман. За наставниците, промените ќе обезбедат подобра поддршка за професионален и кариерен развој, воведување на современи наставни методологии и алатки, како и креирање на поинтерактивна и мотивирачка училишна средина“, се наведува во соопштението.

    Анкетирањето ќе се спроведе во периодот од 30 септември до 4 октомври, од страна на советници од Бирото за развој на образованието, а во анкетата во секоја гимназија е потребно да учествуваат најмалку 80 отсто од наставниците и сите ученици од трета и четврта година.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 55 минути

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 4 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 18 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 19 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена